Истанбулски аквариум — аквариум кој се наоѓа во Истанбул, Турција. Аквариумот бил отворен во април 2011 година, и тој е официјален член на Светската асоцијација на зоолошки и аквариуми (ВАЗА). Местото се наоѓа на 5 километри од меѓународниот аеродром Ататурк, во близина на автопатиштата и железничките транспортни системи во Флорја, која се наоѓа на југозападниот брег на Истанбул.

Истанбулскиот аквариум има водечка позиција меѓу светските аквариуми благодарение на обемот, разновидноста на видови риби и активностите на патните правци. Посетителите ја следат географската рута која вклучува 16 теми и 1 дождовна шума што се движи од Црното Море кон Тихиот Океан. Аквариумот бил дизајниран од OCEAN Projects.

Податоци

Волумен на вода: 6.800 кубни метри; Двокрилен проект со вкупна површина од 22.000 квадратни метри на 100-декарско земјиште, Паркинг простор од 32.000 квадратни метри / 1.200 возила, Место за посетители од 6.000 квадратни метри, 1,2 километри долга патна маршрута од Црното Море кон Тихиот Океан, Околу 1.500 видови, вкупно 15.000 копнени и морски суштества, Продавница за подароци со површина од 470 метри квадратни, 3 кафулиња на патот за патување, 1 ресторан со поглед на Панамскиот Канал на едната страна и поглед кон морето од друга страна.

Галерија

Наводи

http://www.istanbulakvaryum.com/en-US/istanbul-akvaryum/istanbul-akvaryum http://www.hurriyetdailynews.com/n.php?n=aquarium-attracts-visitors-in-istanbul-2011-08-22 http://www.todayszaman.com/news-254387-new-istanbul--aquarium-has-already-become-a-top-attraction.html

Надворешни врски

Категорија:Знаменитости во Истанбул Категорија:Градби во Истанбул Категорија:Аквариуми