Единица за прв одговор и интервенција „Алфа“, скратено ЕПОИ „Алфа“ — поранешна посебна интервентна полициска единица во рамките на Секторот за внатрешни работи - Скопје која се борела во главно против уличниот криминал. Создадена е во 2005 година, работејќи под надлежност на министерството, но од 2025 година добива нов статус и работи само во Скопје. И покрај статистиките на МВР дека нејзините активности влијаат позитивно на намалување на криминалот, таа често е осудувана за полициска бруталност. Единицата има изгубено само еден свој припадник—39-годишниот Африм Арифи кој загина во 2008 година по напад врз патрола на единицата кај Природно-математичкиот факултет, додека вршел редовни полициски активности.

Во јуни 2011 година се одржале протести поради убиство на 23-годишно момче наводно од припадник на единицата. Демонстрантите извикувале „Алфи-убијци“ и барале расфромирање на единицата. Во случајот „Тортура“ на Специјалното јавно обвинителство меѓу осомничените се петмина припадници на единицата и Ивица Антевски, поранешен командир на истата, за апсењето на Љубе Бошкоски по парламентарните избори во 2011 година. Бошкоски го оценил неговото апсење и однесувањето на припадниците како „политички реваншизам“ Tековен командант на единицата е Примислав Димовски, кој се враќа на функцијата во 2016 година откако Антевски е симнат од истата поради истрагата на СЈО.

Во 2020 година, Министерството за внатрешни работи на Македонија објавило дека единиците Алфи ќе бидат распуштени и заменети со нова интервентна единица базирана на еквивалентната единица за прв одговор на хрватската полиција. Поранешниот командант на Алфите, Примислав Димовски, бил назначен за началник на заменската единица.

Наводи

Категорија:Министерство за внатрешни работи на Македонија Категорија:Специјална единица