Солунски патрдии е телевизиска серија снимена во 1985 година во продукција на МРТ 1.
Серијата е снимена според истоимената драма на Миле Попоски, во режија на Коле Ангеловски која пак е напишана според делото на Марин Држиќ, Дундо Марое.
Улоги
Глумец Улуга Благоја Спиркоски-Џумерко Итар Пејо Гоце Тодоровски Цанде Димче Мешковски Секула Ванчо Петрушевски Сотка Тодорка Кондова-Зафировска Евдокија Владимир Ангеловски Целе Трајче Иваноски Јанкула Снежана Стамеска Пандора Сабина Ајрула-Тозија Фатиме Марин Бабиќ Божин Мите Грозданов Јоргос Салаетин Билал Јашар Стево Спасовски Киртаки Рамадан Махмут Мудур Ефенди Петар Мирчевски Трговецот Андон Јовановски Тапанџијата Јовица Михајловски Цире Лазе Манасковски Баже Џемаил Максут Дервишот Ленче Делова Лилјана Велјанова Жена 1 Кица Ивковска-Велјановска Жена 2 Мукерем Билал Жена 3 Абдурахман Рахман Заптија Благоја Ивчески Трговец Зекир Сипахи Аљуш Наџи Шабан Заптија
Содржина Дејството се одвива во Солун. Серијата ги прикажува случките на Цанде, син на прилепскиот аџија, кој го мами својот татко и му зема 3000 алтани за трговија. Истиот парите ги користи за подароци и сладок живот кај љубовницата Фатиме. Заплетот се случува кога во Солун доаѓаат неговиот татко, Аџи Јанкула и слугата Секула да го бараат Цанде. Аџи Јанкула се здружува со Итар Пејо слуга на Јашар бег кој копнее по љубовницата на Цанде - Фатиме.
Надворешни врски
Категорија:Македонски телевизиски серии