мини|Детална карта на Андаманските и Никобарските Острови|алт=|595x595пкс Андамански Острови — група острови кои образуваат архипелаг во Бенгалскиот Залив, меѓу Индија на запад и Мјанмар на север и исток. Најголем дел од овие острови се дел од индиската сојузна територија Андамани и Никобари, додека помал број од нив од северниот дел на архипелагот, вклучувајќи ги и Коко Островите, им припаѓаат на Мјанмар.
Андаманските Острови се населени со Андаманци, група на домородни народи во кои спаѓаат Џарава племињата и Сентинелците. Некои од островите можат да се посетат со специјални дозволи, а за дел од нив, посебно Северниот Сентинелски Остров, постои законска забрана за посетување. Сентинелците се главно непријателски настроени кон посетителите, и имаат минимални контакти со луѓе од надворешноста. Индиската влада го штити со закон нивното право на приватност.
Историја мини|Споредбена дистрибуција на андаманските домородни народи, пред 18 век во однос на денес.|алт=|259x259пкс
Потекло на поимот Името на Андаманските Острови е древно. Според теоријата која доминира од доцниот 19 век, името е изведено од Андоман, форма на Хануман, санскритското име за хиндуистички бог прикажуван со изглед на мајмун. Италијанскиот истражувач Николо Конти (околу 1440 г.) ги споменал островите за кои велел дека името им значи „Остров на златото“. Во 13 век, името на Андамани се јавува на кинески јазик како Јен-то-ман (晏陀蠻), во книгата Џу-фан-џи (诸蕃志) (во превод: Опис на варварските народи, Запис за страни народи) од Џао Рукуо, кој како член на Сунг династијата бил назначен како надзорник на поморската трговија. Во 38-то поглавие на книгата, во делот наречен „Поморски земји“, тој нагласил дека при пловењето од Ламбри (Суматра) кон Цејлон, при неповолни ветрови бродовите би се насочиле кон Андаманските Острови.
Најрани населби Најраните археолошки податоци се од пред 2200 години, но податоците од генетските истражувања, културолошките истражувања и истражувањата на изолати сугерираат дека островите биле населени од времето на средниот палеолит. Се чини дека домородните андамански народи живееле на островите во изолација сѐ до 18 век.
За нив се теоретизира дека се клучниот доказ за големата крајбрежна миграција на човекот од Африка преку Арапскиот Полуостров долж крајбрежните региони на Индискиот Полуостров кон Југоисточна Азија, Јапонија и Океанија. лево|мини|За Андаманските Острови, во Бенгалскиот Залив, се верувало дека биле населени од луѓе кои имале глава на волк, како што биле прикажани во „книгата на чудата“ издадена во Париз, во почетокот на 15 век.|алт=|265x265пкс
Царството Чола Во периодот од 800-1200 година, тамилската Чола династија создала империја, која веројатно се протегала од југоистичниот дел на Индискиот Полуостров до делови од Малезија. Раѓендра Чола I (1014 до 1042 година) ги освоил Андаманските и Никобарските Острови.
Британска колонизација и создавање на островски затвор Во 1789 година, Бенгалската провинција (најголемата провинција на Британска Индија) основала база и затворска колонија на островот Чатам во југоисточниот залив на Големиот Андамански Остров. Населбата денес е позната како Порт Блер (според нејзиниот основач - бомбајскиот поморски полковник Арчибалд Блер). Две години потоа колонијата била поместена во североисточниот дел на Големиот Андамански Остров и била наречена Порт Корнвалис, според адмиралот Вилијам Корнвалис. Но, бидејќи имало многу заболувања и висока смртност меѓу затворениците, владата решила да го затвори проектот во мај 1796 година.
Во 1824 година, Порт Корнвалис претставувало собирно место од каде била носена војска која учествувала во Првата англо-бурманска војна. Во периодот 1830-1840 година, бродоломците кои се истовариле на бреговите на островите често биле напаѓани и убивани од домородците, за кои владеело мислењето дека се канибали. Губитокот на бродовите Runnymede и Briton, во 1844 година, на патот од Индија кон Австралија, за време на бура, заедно со патниците и со транспортираната стока, како и честите напади на домородците врз патниците, биле причина за алармирање на британската влада. Во 1855 година, владата предложила основање на друга населба, вклучувајќи и политички затвор, но Индиското востание (1857 година) ги одложило овие планови. Со востанието пораснал бројот на политичките затвореници, така да основањето на населба со затвор станало ургентна потреба за британската влада. Изградбата започнала во ноември 1857 година, кај Порт Блер и била користена работната сила на затворениците, а се избегнало и соленото мочуриште кај Порт Корнвалис, кое претходно создавало проблеми.
Втор значаен датум за Андаманските Острови бил 17 мај 1859 година, кој ја означува Битката кај Абердин, која се водела меѓу Британците и Големото Андаманско племе. Денес постои спомен обележје во комплексот Андамански водени спортови за луѓето кои загинале во овој конфликт. Плашејќи се од страна инвазија, бунтовничкото племе, поддржано од избеганите затвореници од Порт Блер, ја нападнале британската пошта, но поради малубројноста имале тешки губитоци. Подоцна се утврдило дека еден од избеганите осуденици ги издал плановите на племето на Британците. Денес племето брои само 50 луѓе, а помалку од 50% од нив се стари лица. Владата на Андаманските Острови денес се обидува да го зголеми бројот на ова племе.
Во 1867 година, бродот Nineveh претрпел бродолом на грбенот на Северниот Сентинелски Остров, а 86-те преживеани допливале на брегот. Третиот ден биле нападнати со копја од домородците, едниот од нив успеал да избега, а другите подоцна биле спасени од британската морнарица.
Иако некое време смртноста била многу висока, исушувањето на мочуриштето и сечата на шумите продолжиле. Андаманската колонија станала озлогласена и по убиството на вицекралот Ричард Бурк, при неговата посета на населбата, на 8 февруари 1872 година, од авганистанскиот Паштун Шер Али Африди. Истата година Андаманските и Никобарските острови биле обединети под заедничка управа од Порт Блер. мини|Седиште на затворската управа на островот Рос, 1872 година.|алт=|262x262пкс Од времето на неговиот развој во 1858 година, под водство на Џејмс Патисон Вокер, и како одговор на бунтот од претходната година, населбата била прво и основно затвор за политичките осуденици. Затворот во Порт Блер бил прошируван и конечно завршен во 1910 година, кога броел 698 единечни ќелии (самици). Најпознат затвореник бил индискиот политички активист Винајак Дамодар Саваркар.
Индијците кои биле овде затворени го нарекле островот и затворот Кала Пани („црна вода“), а 1996 година бил снимен филм на островот со наслов според тоа име. Бројот на затвореници кои починале во затворот броел илјадници, а многумина од нив умреле од мачење и тешки животни услови.
На Змискиот Остров (анг. Viper Island) постоел посебен затвор за криминалци, а било место каде се вршелo погубување. Во 20 век, местото станало затвор за познати личности од индиското движење за независност.
Јапонска окупација мини|Островот Рос во 2004 година|алт=|262x262пкс мини|Андамански Острови|алт=|264x264пкс Андаманските и Никобарските Острови биле окупирани од Јапонците во текот на Втората светска војна. Тие биле под номинална власт на Азад Хинд (Привремена влада на слободна Индија) под раководство на индискиот националист Субас Чандра Босе, кој ги посетил островите за време на војната и ги преименувал во Шехид (од арапски што значи „маченик“) и Свараџ (што значи „самоуправа“). На 30 декември 1943 година, за време на јапонската окупација, Субас Чандра Босе, кој бил сојузник на Јапонците, прв го подигнал знамето за индиската независност. Според Вернер Грул: „Јапонците при повлекување стрелаа 750 невини луѓе.“ По завршување на војната островите биле вратени под британско владеење, а по прогласувањето на независноста на Индија станале нејзин составен дел.
Пред крајот на Втората светска војна, британската влада решила да ја аболицира затворската населба. Таа предложила да бившите затвореници ги вработи како риболовци, дрвосечачи и фармери, со цел да го развие стопанството на островите. Затворската колонија била згасната со прогласување на независност на Индија, на 15 август 1947 година. Денес таа претставува музеј посветен на движењето за независност на Индија.
Понова историја Во април 1998 година, американскиот фотограф Џон С. Калахан го организирал првиот проект за сурфање на Андаманските Острови, кој почнувал од Пукет во Тајланд, со помош на компанијата SEAL (од анг. Southeast Asia Liveaboards), која е британска чартер компанија за нуркачки спортови. Посадата од професионални сурфери, го преминала Андаманското Море на јахтата Crescent и ги завршиле формалностите во Порт Блер. Групата продолжила кон Малиот Андамански Остров, каде поминале десет дена сурфајќи на неколку места за првпат, вклучувајќи го Џарава Поинт во близина на Хат Беј (Hut Bay) и долж долгиот десен гребен на југозападниот дел на островот, наречен Кумари Поинт (Kumari Point). Калахан продолжил да прави уште неколку проекти за сурфање на Андаманските Острови, вклучувајќи и посета на Никобарските Острови во 1999 година. Во статијата „Потрага по оган“, на новинарот Сем Џорџ, објавена во Surfer Magazine, Андаманските Острови за првпат се ставени на картата за сурфање. Снимките на брановите на Андаманските Острови исто така се појавиле во филмот Погусто од вода (анг. Thicker than Water), снимен од режисерот на документарни филмови Џек Џонсон, кој подоцна станал славен како музичар.
На 26 декември 2004 година, крајбрежјето на Андаманските Острови било уништено од цунами високо и до 10 метри, кое се случило по земјотресот во Индискиот Океан во 2004 година, кој е најдолготрајниот регистриран земјотрес, а траел помеѓу 500 и 600 секунди. Усните преданија за опасноста од цунами после земјотрес кај месното население било причина што биле спасени многу животи. По цунамито биле потврдени повеќе од 2.000 жртви, а повеќе од 4.000 деца останале сирачиња или загубиле еден родител. Најмалку 40.000 жители останале без дом и биле преселени во кампови за помош. На 11 август 2009 година, имало земјотрес со јачина од 7 степени во близина на Андаманските Острови, активирајќи предупредување за цунами. На 30 март 2010 година, во близина на Андаманските Острови имало земјотрес со јачина од 6,9 степени.
Во ноември 2018 година, американскиот мисионер Џон Ален Чау, во неколку наврати илегално се обидел, со помош на локалните рибари, да дојде на Северниот Сентинелски Остров од Андаманскиот Архипелаг, и покрај забраната за посета на овој остров. Подоцна било објавено неговото убиство од страна на домородното население на островот. Постои владина забрана за посета на овој остров, населен исклучиво од домородно население, а е со цел за негова заштита. Издавањето на дозволи е ограничено само на истражувачи и антрополози за научни цели и истражувања. Чау немал таква дозвола и знаел дека неговата посета била нелегална.
Географија мини|Сансет Поинт, Андамански Острови|алт=|269x269пкс мини|Плажа бр. 3 во Хевлок, на Андаманските Острови|алт=|265x265пкс мини|Чидија Тапу, Андамански Острови|алт=|265x265пкс Андаманскиот Архипелаг е океанско продолжение на бурманската планинска верига Чин на север и на Индонезискиот Архипелаг на југ. Тој има 325 острови кои покриваат површина од 6.408 км2, со Андаманското Море (или Бурманско Море) на исток помеѓу островите и брегот на Бурма. Северниот Андамански Остров е 285 километри јужно од Бурма, иако неколку помали бурмански острови се поблиску, вклучувајќи ги и трите Коко Острови.
Десет степенскиот канал ги дели Андаманските од Никобарските Острови на југ. Највисоката точка се наоѓа на Северниот Андамански Остров (врвот Седл Пик (анг. Saddle Peak) на надморска височина од 732 метри.
Дното на Андаманските Острови се состои офиолити и седиментни карпи (аргилозни и алгински варовници), од доцната јура период до раниот еоцен, изобличени од бројни длабоки раседи и навлаки со ултрамафични вулкански интрузии. На островите има најмалку 11 калливи вулкани.