Бурано (, ) — остров во Венецијанската Лагуна, северна Италија, во близина на Торчело, на северниот крај на лагуната, познат по занаетчиската изработка на чипка и исфарбаните куќи со светли бои. Основната економија е туризмотhttps://books.google.ca/books?id=KZgGAgAAQBAJ&pg=PA66&lpg=PA66&dq=Burano+economy+tourism&source=bl&ots=gOvCt5wEt0&sig=H4mtP4GXliThmpQdDM6GisNOv9M&hl=en&sa=X&ved=0ahUKEwiW79X-m6fUAhVp4oMKHfuWC2wQ6AEIXjAJ#v=onepage&q=Burano%20economy%20tourism&f=false.

Историја

Островот најверојатно бил населен од Римјаните, а во 6 век бил окупиран од луѓе од Алтино, кои го нарекле за една од портите на нивниот поранешен град. Две приказни се припишуваат на тоа како градот го добил своето име. Една од нив е дека првично бил основан од семејството Буријана, а друго е дека првите доселеници на Бурано доаѓале од малиот остров Буранело, околу 8 километри јужно од Бурано.

Бурано бил основан од страна на Римјаните, кои се селеле од страв од налетот на варварите и градот го именувале по еден од своите поранешни градови. Првите првите куќи на ова место ги подигнувале од кал и трски, а подоцна едноставните градби биле заменети со поиздржливи куќи од цигла, кога и настанала традицијата на боење на домовите во најразлични бои. Кога рибарите во минатото се враќале дома, поради маглата тие не можеле да ги препознаат своите домови, па оттогаш започнале истите да ги бојат во најразлични бои.

Иако островот наскоро станал просперитетна населба, тој бил администриран од Торчело и немал никакви привилегии. Островот станал важен само во 16 век, кога жените на островот започнале да прават тантела со игли, кои биле воведени за таква трговија преку Кипар, кој бил под венецијанско владеење. Кога Леонардо да Винчи го посетил во 1481 година, тој купил ткаенина за главниот олтар на Дуомо ди Милано. Производството наскоро било извезувано низ цела Европа, но трговијата започнала да се намалува во XVIII век, а индустријата не заживеала сè до 1872 година, кога било отворено школо за ликовна уметност. Денес тантелата уште се произведува, но само мал број жени ја изработуваат на традиционален начин и затоа е многу скапа.

Географија

Бурано е 7 километри оддалечен од Венеција, и до плоштадот Свети Марко со венецијански воден автобус се стигнува за 40 минути.

Островот е поврзан со Мацорбо со мост. Населението на Бурано е околу 2.800 жители. Првично, имало пет острови и канал кој денес е под земјата. Така, денес има четири острови кои се разделени со три внатрешни канали: рио „Понтинело“, рио „Џудека“ и рио „Теранова“. Островот е разделен на пет населби кои се одделени со каналите.

Сестиери ПовршинахектариRelative area portions measured from map. насе-ление Густина   Карта Сан Мауро6,8 818 12029     ЏудекаNot to be confused with Giudecca in the sestiere Dorsoduro of the historic center of Venice. 2,5 255 10200  Сан Мартино Синистра4,4 586 13318  Сан Мартино Дестра5,1 759 14882  Теранова2,3 359 15609  Бурано21,1 2777 13176  МацорбоNeighboring island (not on map). 51,8 329 635   Население

Култура

Бурано е исто така познат по своите мали, светло обоени куќи, кои се популарни кај уметниците. Боите на куќите следат специфичен систем, кој потекнува од златното доба на неговиот развој. Ако некој сака да ја промени фасадата од својот дом, мора да испрати барање до владата, која ќе одговори со известување за одредени бои дозволени за таа парцела.

Во срцето на Бурано се наоѓа плоштадот „Балдасаре Галупи“ - единствениот на островот - кој го носи името на познатиот композитор од XVIII век Балдасаре Галупи. На плоштадот се наоѓа црквата Сан Мартино, единствената црква подигната на островот. Позната е со камбанаријата, која се одликува со силен наклон, кое се должи на делумното лизгање на темелите. Во неа се наоѓа делото „Распетие“ (1725 - 1727) од Џовани Батиста Тјеполо.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Острови во Италија Категорија:Географија на Венеција