Јован Ристов (, - , ) — македонски правник, истакнат во сферата на заштитата на културното наследство.

Животопис Ристов е роден на 25 октомври 1949 година во селото Дреново, Кавадаречко. Тој бил основач и прв директор на Управата за заштита на културното наследство, а во текот на кариерата работел и во Националниот конзерваторски центар на Македонија и бил еден од најистакнатите членови на Македонскиот национален комитет на Синиот штит. Починал во Скопје на 6 декември 2018 година.Почина Јован Ристов, првиот директор на Управата за заштита на културното наследство

Библиографија Ристов бил автор на повеќе книги за споменичното право и за заштитата на културното наследство во Македонија. Ристов Јован (2003), Споменичкото право во Република Македонија, том 1, Скопје: Републички завод за заштита на спомениците на културата; Ристов Јован (1997), Споменичка терминологија: генерички поими за заштитени добра со избор на дефиниции, Скопје: Републички завод за заштита на спомениците на културата; Ристов Јован (1997б), „Основи на системот на правна заштита на културното наследство во Република Македонија“, во Група автори, Да го заштитиме културното богатство: прирачник, Скопје: Царинска управа на Република Македонија, сс. 7-19; Ристов Јован и др., „Меѓународен совет за споменици и места, Избор на прописи за заштита на културното наследство“, Скопје 2005; Ристов Јован, Хашкиот протокол од 1999 година – заштита на културните добра во случај на вооружен судир, Македонска цивилизација, Скопје, 2002 г.; Ристов Јован, Инструменти за заштита на културното наследство, Прин Поинт, Скопје, 2008 година;

Наводи

Категорија:Македонски правници Категорија:Македонски публицисти