Територијата на Полска денес на национално ниво е поделена на војводства, понатаму поделени во окрузи (повјати), а тие пак поделени во основната административна единица, општините (гмини). Оваа тековна поделба е во функција од 1999 година. Денес Полска има 16 војводства, 380 окрузи и 2.478 општини. Наспроти овие три нивоа, општините може да се поделат и на помошни единици како оседле и дзелница за градовите, и солецтво за руралните средини.
Војводства
десно|350п|Карта на војводствата во Полска Главната административна единица во Полска е војводството (; мн. војводства, на ). Со поделбата од 1999 година денес постојат 16 војводства. Надлежностите во војводството се поделени меѓу регионалниот гувернер наречен војвода, назначен од Владата, Војводскиот Сејмик (совет, регионално собрание), кој се избира на секои 5 години на избори, составен од советници, и меѓу извршната управа (zarząd województwa), која пак ја избира советот.
Список Списокот е според азбучен ред на називите на војводствата.
ГрбКодРег.таб.НазивПовршина(км²)Население(30 јун. 2018) 40п 28 N Варминско-мазурско Војводство(województwo warmińsko-mazurskie) 24.173,47 1.431.299 40п 30 P Големополско Војводство(województwo wielkopolskie) 29.826,50 3.490.597 40п 02 D Долношлеско Војводство(województwo dolnośląskie) 19.946,70 2.901.003 40п 32 Z Западнопоморско Војводство(województwo zachodniopomorskie) 22.892,48 1.703.009 40п 04 C Кујавско-поморско Војводство(województwo kujawsko-pomorskie) 17.971,34 2.079.917 40п 10 E Лоѓско Војводство(województwo łódzkie) 18.218,95 2.470.610 40п 06 L Лублинско Војводство(województwo lubelskie) 25.122,46 2.121.613 40п 08 F Лубушко Војводство(województwo lubuskie) 13.987,93 1.015.440 40п 14 W Мазовско Војводство(województwo mazowieckie) 35.558,47 5.391.813 40п 12 K Малополско Војводство(województwo małopolskie) 15.182,79 3.395.663 40п 16 O Ополско Војводство(województwo opolskie) 9.411,87 988.014 40п 20 B Подласко Војводство(województwo podlaskie) 20.187,02 1.182.677 40п 22 G Поморско Војводство(województwo pomorskie) 18.310,34 2.328.214 40п 18 R Поткарпатско Војводство(województwo podkarpackie) 17.845,76 2.128.747 40п 26 T Светокришко Војводство(województwo świętokrzyskie) 11.710,50 1.244.383 40п 24 S Шлеско Војводство(województwo śląskie) 12.333,09 4.540.140
Окрузи
Второстепената административна единица е округот, во Полска наречен повјат (; мн. повјати, на ). Денес има 380 окрузи од кои 66 градски и 314 селски. Тие се потчинети на војводството, а самите се поделени пак во општини. Градовите се посебни целини со статус на градски окрузи (powiaty grodzkie, формално: miasta na prawach powiatu) и тие не се делат општини. Вообичаените окрузи се наречени „земски“ или „селски окрузи“ (powiaty ziemskie). Секој округ придавно е наречен по најважниот град во него.
Законодавната власт на округот ја има избран окружен совет (rada powiatu), а извршната е во рацете на окружната управа (zarząd powiatu). На чело на управата стои старешина (starosta), избран помеѓу членовите на советот. Службата на старешината се нарекува старешинство (starostwo). Кај градските окрузи, истите улоги ги имаат градскиот совет (rada miasta), градоначалникот (burmistrz или prezydent) и градската служба (urząd miasta).
Општини
мини|десно|Илустрација на карта на општините во Полска согласно 1 јануари 2008 г. Третостепената но основна административна единица во државата е општината, наречена гмина (, мн. гмини, на ). Општините се делат на три видови: градска општина, составена само од еден град, градско-селска, од помал град и околните села, и селска општина, составена само од неколку села, а ретко и само едно село. Општините имаат свои совети и избран градоначалник, познат како prezydent во поголемите градови, burmistrz во градовите и градско-селските општини и wójt во селските општини.
Помошни единици Некои општини се делат понатаму и на помошни единици (). Градските и урбани места вообичаено се делат во помошните единици оседле (osiedle) и дзелница (dzielnica), а за руралните средини се користи терминот солецтво (sołectwo), но се користат и многу други имиња како дистрикти, приселок, реони.
Наводи
Категорија:Административна поделба на Полска Категорија:Списоци за Полска Категорија:Политика на Полска