мини|261x261пкс|Местоположба на островот Млет во Јадранско Море мини|266x266пкс|Зајдисонце над млетските езера Млет (хрватски: Mljet, лат. Melita, итал. Meleda) е осмиот по големина остров во Хрватска, еден од најголемите од јужнодалматинските острови и воедно најјужниот и најисточниот остров од сите поголеми хрватски острови. Како во минатото, така и денес, историјата на овој остров е поврзана со историјата на Дубровничката жупанија. Островот се наоѓа во близина на Дубровник, Корчула, Елафитските Острови, а од полуостровот Пељешац е одвоен со Млетскиот канал.
Бидејќи Млет во текот на историјата имал исто име со островот Малта (и во римските и во средновековните латински записи), а посебно во познатите светски легенди за бродоломите во Хомеровата Одисеја и бродоломот на Свети Павле, овие два острова често биле мешани, па затоа постои сомневање за тоа каде точно бродоломите се случиле. Бидејќи Малта е светски позната, овие настани, реални или имагинарни, повеќе ѝ се припишуваат нејзе. Бродоломот на Свети Павле, според Делата на светите апостоли 27.39-28.11, се случил при пловење по „Адриа“ на остров на кој имало змии-отровници. На островот Малта никогаш немало змии-отровници, но на Млет ги имало сѐ до донесувањето на мунгосите во 1910 година. Како потсетник за настанов, постои гребен Свети Павле и мала црква на источниот дел од островот. Во однос на Одисеја, се мисли дека древната Огигија можеби се однесувала на Млет, а потсетник за тој настан е т.н. Одисеева пештера, која постои на островот. Сличен проблем е и прашањето за потеклото на познатата џуџеста раса на кучиња наречена малтешки пес, за која денес главно се мисли дека потекнува од Малта. Хрватските и поголем дел од другите кинолози и историчарите по ветеринарна медицина сметаат дека оваа раса е по потекло од островот Млет.
Млет е остров на разновиден животински свет и изворни шуми на алепски бор, питом бор и дабот црника. Се смета дека Млет е најпошумениот и најзелениот хрватски остров, чиј западен дел е заштитен како прв јадрански национален парк, а источниот дел е заштитен како резерват на природни реткости.
На островот нема поголеми населби поради слабо развиеното стопанство, кое резултирало со иселување на помладото население. Жителите на Млет се викаат Млеќани и Млеќки (лошо наведен израз на Млеќанки). Според пописот на населението од 2001 година 99% од жителите се Хрватите, 96% од населението се католици и се единствени, заедно со жителите на Елафитските Острови, кои зборат на штокавско наречје, со ијекавски изговор.
Општи податоци мини|378x378пкс|Езерото „Мало Езеро“ на островот Млет|алт= Островот Млет е дел од дубровничкиот архипелаг, и негов најголем островот. Има површина од 100,4 км2. Има издолжен облик, со должина од 37 километри, и максимална ширина од 3 километри. Од полуостровот Пељешац е одвоен со Млетскиот Канал. Се протега во правец северозапад – југоисток. Се смета за најпошумен остров во Јадранското Море, со повеќе од 70% од површината покриена со шуми, а во внатрешноста, во националните паркови, пошуменоста е над 90%. Поради тоа, Млет го има прекарот најзелен остров на Хрватска.
Релјеф мини|250x250пкс|Заливот Ластовска - многу вовлечен северозападен брег на Млет|алт= Островот Млет се наоѓа 100 метри повнатре од изобат, што докажува дека некогаш бил составен дел на соседното копно, како и сите други хрватски острови. Највисокиот врв на островот е Велики град (514 m), а поголем дел од другите врвови надминуваат 300 метри. Долж островот има многу карстни долини (полиња), и околу сто помали долини. Околу островот Млет има повеќе помали островчиња и гребени.
Карпестиот состав на Млет е доста едноставен. Централниот дел на островот е изграден од варовник и доломит од мезозоик. Некои експерти тврдат дека има делови на островот со вулкански карпи. Геолошки најстариот дел на островот, се горнојурските депозити и тие се наоѓаат во релативно тесна зона во централниот дел на јужниот брег. Стрмните падини со наклон поголем од 55 степени, се наоѓаат на југозападниот брег на островот. Тие се скоро вертикални и изложени на отвореното море и високите бранови делуваат на нив абразивно. Таквите стрмни падини се често индикатор за длабоко море директно под брегот, па некои стрмнини завршуваат со длабочина на морето и до 80 метри. На дното на Малото Езеро има две длабоки јами кои имаат длабочина до 38 и 50 m. Како типичен варовнички остров, Млет е богат со пештери и јами, од кои е позната јамата во Брекалци со длабочината на 77 метри. Во јамата Јарач покрај Полач се наођаат ретки седрени сталактити карактеристични по тоа што растат од калцифицирањето на растенијата кои на нив живеат. Вакви сталактити за првпат во Хрватска биле регистрирани во 2007 година во пештерата Галичњак, во југоисточниот дел на островот. Освен копнените има и бројни морски пештери и јами.
Брегот на Млет е кривулест, посебно неговите северозападни брегови, каде се наоѓаат: заливот Полаче, увалите Ластовската и Помена, Велико и Мало Езеро и југоисточниот брег (Саплунар).
Клима мини|250x250пкс|Заливот Полаче, снег на Млет (снимен во февруари 2009 година)|алт= Млет припаѓа на средоземната климатска зона, со суви и долги лета и благи и врнежливи зими. Пролетно-летниот период е обично сув, топол, со сончево и ведро време, додека дожд паѓа само во случај на невреме или силен јужен ветер. Во летните месеци, најчесто дува ветер наречен маестрал. Есенско-зимскиот период е доста свеж, и знае да дува силен ветер. Дождовите се тогаш чести поради изложеноста на јужните ветрови. Температурата ретко паѓа под нулата, а снег врне просечно еднаш во деценија.
Историја Од историска гледна точка, островите во Јадранското Море отсекогаш гравитирале кон средоземниот регион, но во нивна позадина се наоѓаат Динаридите, од каде дошле и првите жители на островот Млет.
Илирското население на Млет мини|333x333пкс|Остатоци на илирски градби на брдо над Велико езеро, на Млет|алт= Првите жители на островот биле Илирите од племето Ардиејци, кои, преку пристаништето Прапратно од полуостровот Пељешац, дошле на островот Млет пред 4000 години. Првите пристигнувања биле веројатно преку пристаништата Собра и Окукље, бидејќи тие биле најблиску до полуостровот, но, веројатно и преку пристаништата Полаче и Козарица. Населувањето, веројатно, почнало покрај изворите на свежа вода и покрај крајбрежјето. Населението се занимавало со сточарство, главно со одгледување на кози и овци, со лов и риболов. Тие живееле во помали и поголеми племиња, кои меѓусебе не комуницирале, бидејќи биле главно непријателски настроени. Доказ за тоа се бројните наоди на т.н. градини - места кои имале и природни заштитни ѕидови и каменести ѕидови, а во кои можеле да се засолнат и до стотина луѓе. Овие градби секогаш имале добар поглед на околината, обично на околните ридови, полињата и морето. Многу од нив имале поглед на Млетскиот канал. Илирското населението било погусто населено во центаралниот и западниот дел на островот и токму во тие области се најдени повеќето остатоци од градините и гробови, а во источниот дел од островот ги има многу помалку.
Пристигнување на Грците и Римјаните на Млет мини|250x250пкс|Остатоци од ранохристијанска базилика во Полача|алт= мини|250x250пкс|Вилино врело (Водице), непресушен извор на вода за пиење во близина на Полача, кој, кога се полни, претставува мал базен населен со жаби.|алт= Првите историски записи за островот Млет се поврзани со грчките морепловци, кои пловејќи кон нивните колонии на Корчула, Вис и Хвар, сигурно поминувале низ Млетскиот канал, а за време на јаките јужни ветрови се засолнувале во Млетските заливи. Покрај тоа, заливите Полаче и Собра имаат извори на плитка вода кои се блиску до морскиот брег. Бидејќи нема материјални докази за грчки населби на Млет, може да се заклучи дека островот бил користен само за одмор и како засолниште од лоши временски услови. Млет потпаднал под власта на Римјаните во 167 година п.н.е., кога Римјаните го победиле ардиејскиот владетел Генциј. Власта на Римјаните била номинална, затоа што Илирите и понатаму гусареле во Млетскиот канал. Првите конкретни податоци за Млет се тие на римскиот писател Апијан, кој во своето дело De rebus Illyricis запишал како императорот Октавијан Август го разорил илирскиот град Мелитус во 35 година п.н.е., поради честите пиратски напади на римските бродови. Со покорувањето на месното население, Римјаните во заливот Полаче, во 3 век, почнале да градат палата која имала и одбранбена функција, за што сведочат две цврсти кули на нејзините краеви. Покрај палатата, биле изградени и две ранохристијански базилики и бањи, што покажува дека заливот Полаче функционирал како доцноантички или раносредновековен град. Римјаните постепено целосно го романизирале месното население.
Млет под власт на Неретванската Паганија мини|250x250пкс|Саплунара, заштитен резерват на природни реткости: исклучително кривулести брегови, борови шуми и песочни плажи.|алт= мини|250x250пкс|Биеџ, ридот на кој Словените го победиле римското население во Полача|алт= По поделбата на Римското Царство на Источна и Западна, Млет бил припоен кон Западното Римско Царство. Тој останал во рамките на Западното Римско Царство до 493 година, кога потпаднал под власт на Остроготите. По Јустинијановите војни во 535 година против Остроготите, Млет, заедно со цела Далмација, му припаднал на Источното Римско Царство. Со доселувањето на Словените и Аварите на ова подрачје, настанува историска пресвртница, затоа што тие ги разориле сите римски градски тврдини, со што завршило 800-годишното римско владеење на овие простори. Словените на Млет затекнале романизирано христијанско население, за што сведочат базиликите во непосредна близина на палатата. Според византискиот цар Константин Порфирогенит (913 - 959 г.) во тоа време настанале склавинии, кои се нарекувале Дукља, Травунија, Паганија (областа од реката Цетина до реката Неретва). Млет потпаднал под власт на Неретванската Паганија во текот на 7 и 8 век. Византискиот цар Константин Порфирогенит во своето дело De administrando imperio напишал дека Млет, Корчула, Хвар и Брач биле под власта на Неретваните, кои таму живееле и се занимавале со сточарство. Романизираното население кон крајот на 10 век дошло во судир со Неретваните, кои ја добиле битката поради што несловенското население потполно се иселило, а местото Полаче полека замрело. Нова населба се појавила на истото место после полни седум века.
Владеење на Захумље, Дукља и Рашка Кратко време по победата во борбата со римското население и нивното протерување од островот, Неретванската област се распаднала. Островите Корчула и Млет му припаднале на Захумље, со кој владеел кнезот Љутовит, а останал во негова власт до половината на 12 век. Кнезот Љутовит имал поддршка од византиската власт, сѐ до победата на српскиот кнез Стефан Воислав врз византиската војска, со што автоматски го победил и Љутовит. Захумље и Млет тогаш потпаднале под власта на Дукља. Млет останал под власта на Дукља и за време на владеењето на наследникот на Воислав, Михајло (1050 – 1082 година), за што сведочи и црквата Св. Михаил во денешниот Сутмихољски Залив, каде е најден предроманиски преплет. Со доаѓањето на власт на рашкиот кнез Десе, Млет потпаднал под власта на Рашка.
Бенедиктанска власт на Млет мини|250x250пкс|Островчето Св. Марија на Млет, со доминикански манастир од 12 век.|алт=