Бледски Остров (Blejski otok) — мал остров кој се наоѓа на западната страна на Бледскоto Езеро, Општина Блед, Словенија. На врвот на островот постои средновековна, неоготска црква која датира од 15 век, и според која, и островот и целото езеро е добро познато. Црквата била обновена за време на барокниот период, и од тој период до црквата била поставена камбанарија. Недалеку од црквата се единствените две куќи на островот, кои се поврзани со црквата со прекрасни скалила. Површината на островот Блед е само 0,82 хектари, а се наоѓа на надморска височина од 18 метри. Островот бил прогласен за споменик од национално значење во 1999 година и вклучен во списокот на недвижно културно наследство на СловенијаБледско острво — национални споменик Словеније.

Создавање

Островот бил формиран од тектонски движења и од ефектот на речна ерозија во плеистоценот. Подоцна, со ледничко дејство, островот понатаму бил трансформиран и намален.

Историја

Првите знаци за постоење на островот датираат од младото камено време - неолит, но експертите претпоставуваат дека островот бил тогаш само привремен риболовен остров. На островот, исто така, археолошки се потврдени и неколку остатоци од објекти, вклучувајќи и два рани средновековни периоди.Šribar (1972). K dataciji zgodnjesrednjeveške cerkvene arhitekture na Slovenskem. Arheološki vestnik. str. 12.Uradni list. Odlok o razglasitvi Blejskega otoka za kulturni spomenik državnega pomena, člen št.2) Археолошки ископувања под темелите од најстарата средновековната црква покажале дека под нејзините темели имало дрвена правоаголна зграда, која, според наодите од истражувањата била изградена во раниот среден векPleterski, A: Strukture tridelne ideologije v prostoru pri Slovanih. - Zgodovinski časopis 50, št. 2, 1996. Храмот изгледа дека бил посветен на Жива, словенска божица на љубовта и плодноста. Поради хронолошката местоположба на објектот, археолозите исто така сметаат на можноста дека овде постоел и претхристијанско светилиште, главно поради раносредновековните гробишта, кои датираат од 9 век, со 124 скелети кои биле откриени.

Туризам

Островот Блед е многу популарно туристичко одредиште во Словенија. Во прилог на црквата, која секако е најпознатото обележје на островот, туристичката атракција е, исто така, и скалилото што води кон истото, проследено со статуа на Марија Магдалена и готски светилник сместен во близина на јужниот дел на црквата.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Остров Категорија:Острови во Словенија