Фуертевентура () — остров во склоп на Канарските Острови, во Атлантскиот Океан и е дел од регионот на Северна Африка, политички дел од Шпанија. Со 1.660 квадратни километри, Фуертевентура е втор по големина остров на Канарските Острови, по Тенерифе. ПРогласен е за биосферен резерват од УНЕСКО во мај 2009 година. Неговиот главен град е Пуерто дел Росарио.

Потекло на поимот

Традиционално, името Фуертевентура се смета име поради силните ветришта околу островот и како резултат на опасност за наутички авантуристи. Меѓутоа, името на островот може да се однесува и на богатство, среќа или судбина.

Во 1339, морепловецот од Мајорка, Анџелино Далорто островот го нарекол „Форте ВентураToponimia sorpresiva. Fuerteventura.

Друга теорија е дека името на островот потекнува од „Fortunatae Insulae“, име со коешто Римјаните ги знаеле Канарските ОстровиUna a una, el origen del nombre de las islas Canarias

Домородното име на островот, пред неговото освојување во 15 век, било Ербанија, поделено на два региони (Хандија и Максората), од кое произлегува името „махореро“. Сепак, се претпоставува дека во одреден момент, Максората (што значи „децата на земјата“) бил абориџински топоним на целиот остров.

Историја Предолонијална историја

Се верува дека првите доселеници на Фуертевентура биле од Северна Африка. Зборот Махореро (Majorero) или Maho сè уште се користи денес за да ги опише луѓето од Фуертевентура и е изведен од древниот збор „mahos“, тип на чевли од коза кои ги носат овие староседелци. Тие живееле во пештери, од кои некои биле ископани, откривајќи остатоци од рани алатки и керамика. Во антиката, островот бил познат како Планарија, поради рамнината на најголемиот дел од неговиот терен.

Во 11 век п.н.е., феникиски доселеници се населиле во Фуертевентура и Лансароте.

Неколку шпански и португалски експедиции на островите биле организирани околу 1340 година, по што следеле оние на Маврите и европските трговци со робови. На крајот од освојувањето, островот бил поделен на две кралства. Првото се придржувало кон кралот Гизе, а другиот на кралот Ахозе. Териториите на овие кралства биле наречени Максората (на север) и Хандија (на југ), соодветно. Тие биле одделенени со ѕид. Некои остатоци од ѕидот денес се сочувани. Античкото име за островот, Ербанија, е изведено од името на овој ѕид.

Освојување

Освојувањето на островот започнало во 1402 година, под команда на француските витези и крстоносци. Тие пристигнале со само 63 морнари од планираните 283. По пристигнувањето и населувањето во Лансароте, напаѓачите направиле некои први испитувања до соседните острови. Во 1404 година, Бетенкур и Гадифер ја основале Бетанкурија, на западниот брег, првата населба на островот. По бројни тешкотии, Гадифер ја презел одговорноста за инвазијата, додека Бетенкур се вратил во Шпанија за да побара признание и поддршка од кастилискиот крал.

Во 1405 година, Бетенкур го завршил своето освојување на островот, формирајќи го својот главен град во Бетанкурија. Во 1424 година, папата Мартин V, ја основал епископијата на Фуертевентура, која ги опфаќала сите Канарски Острови освен за островот ЛансаротеEl Cisma de Occidente y el Obispado de Fuerteventura. Потеклото на оваа епархија е директно поврзано со настаните што се случиле по Големиот раскол (1378-1417), со тоа што епископот Сан Марсија дел Рубикон од Лансароте (во тоа време, единствената епархија на Канарските Острови) не го признал папството на Мартин V, и наместо тоа го поддржувал Бенедикт XIII. Епархијата била сочинета од парохијата Санта Марија де Бетанкурија, која го имала статусот на Голема катедрала. По реапсорпцијата на епархијата Сан Мартиа дел Рубикон од страна на Мартин V, епископатот на Фуертевентура бил укинат во 1431 година, само седум години откако бил создаден.

Според првиот попис на населението, на островот живееле околу 1.200 жители. Потоа населението постепено се започнало да се зголемува. Во 1476 територијата стана Señorío Territorial de Fuerteventura, подложен на католичките монарсиSe reconoce al conquistador su dominio sobre la isla. Fuente: Ayuntamiento de Tuineje.. Во подоцнежните години, островот бил нападнат од шпански, француски и англиски сили.

Колонијална Фуертевентура

Со текот на времето, островот преживеал бројни пиратски напади. Експедицијата на берберска инвазија во 1593 година придонела да бидат изградени неколку замоци по должината на крајбрежјето, за да се заштитат од вакви напади. Населението било преместено во внатрешноста како втора заштитна мерка. Поради честите напади, првиот капетан генерал бил испратен во Фуертевентура, придружуван од голем број војници, за да го одбранат островот во името на круната. Во тоа време Бетанкурија станал религиозен главен град на островотThe principal economic motor of the epoch was orchilla, cereal and cattle. Source: Tuineje council..

Два големи пиратски напади се случиле во 1740 година, во рок од еден месец. Две одделни англиски банди се обиделе да го освојат градот Туинехе. Сепак, овие напади биле успешно спречени од месното население и островската милиција. Ова успешно отфрлање на напаѓачите се прославува секоја година во октомври.

Гарнизонот на островот бил официјално поставен во 1708 година. Неговиот полковник ја добил титулата гувернер, и неговата титула била наследна, во семејството Санчес. Со текот на времето, ова семејство сè повеќе добивало моќ над другите острови преку сојузи со други семејстваEl marqués de Vallehermoso intenta que la población se ponga a favor del poder de la corona frente al señorío. Source: La Oliva council. Во текот на истата година била основана парохија во Ла Олива и Пахара, која започнала да функционира во 1711 година. На 17 декември 1790 година била формирана Парохија на Туинехе.

До денес

Во 1852 година, Изабела II на Канарските Острови ја проширила зоната на слободна трговија. Военото островно правило, кое започнало во 1708 година, конечно било распуштено во 1859 година, а Пуерто де Кабрас (сега Пуерто дел Росарио) станал нов главен град. Калета де Фусте и неговиот замок.

Канарските Острови добиле самоуправа во 1912 година. Во 1927 година, Фуертевентура и Лансарото станале дел од провинцијата Гран Канарија. Седиштето на владата на островот се наоѓа во Пуерто дел Росарио. На островот живееле 74.983 луѓе во 2003 година.

До 1940-тите островот имал аеродром. Масовниот туризам започнал да пристигнува во средината на 1960-тите, олеснет со изградбата на аеродромот Фуертевентура и првите туристички хотели.

Близината на островот (само 100 км) од западноафриканското крајбрежје и фактот дека е дел од територијата на Шенген, ја прават главното одредиште за имигрантите. Сепак, многумина загинале при обидот за пристигнување.

Животна средина Географија

Издолжениот остров има површина од 1.660 км2. Островот е долг 100 километри и широк 31 километри. Тој е дел од провинцијата Лас Палмас. Островот е поделен во шест општини:

Антигуа Бетанкурија Ла Олива Пахара Пуерто дел Росарио Туинехе

Во овие општини се наоѓаат 100 поединечни населби. Островот во близина, Ислоте де Лобос, е дел од општината Ла Олива.

Фуертевентура се наоѓа на само 100 километри од брегот на Северна Африка, и е втор по големина од островите, по Тенерифе и има најдолги бели песочни плажи во архипелагот. Островот е одредиште за ентузијасти на сонце, на плажа и водни спортови. Лежи на иста широчина како Флорида и Мексико, а температурите ретко паѓаат под 18 °C или се искачуваат над 32 °C. Островот брои 152 одделни плажи долж неговото крајбрежје - 50 километри бел песок и 25 километри црна вулканска шиндра.

Највисоката точка во Фуертевентура е Пико де ла Сарса (807 метри) во југозападниот дел на островот. Географските одлики ги вклучуваат Истмо де ла Паред кој е широк 5 километри и е најтесниот дел од Фуертевентура. Островот е поделен на два дела, северниот дел кој е Максората и југозападниот дел наречен Хандија.

Геологија

Фуертевентура е најстариот остров на Канарските Острови и датира од пред 20 милиони години. Поголемиот дел од островот е создаден пред околу 5 милиони години и оттогаш е еродиран со ветер и врнежи. На морското дно надвор од западниот брег на островот лежи огромна плоча од темел долг 22 километри и ширина од 11 километри. Последната вулканска активност во Фуертевентура се случила пред 4.000 и 5.000 години.

Плажи

Фуертевентура била избрана меѓу 500 европски одредишта, како една од најатрактивните туристички одредишта за посетители заинтересирани за културно наследство, животната средина и одржливост.

Клима

Климата на Фуертевентура е пријатна во текот на целата година, и самиот остров е познат како „Остров на вечната пролет“. Морето ја регулира температурата на воздухот, пренасочувајќи ги жешките ветришта од Сахара подалеку од островот. Името на островот на македонски се преведува како „големо богатство“ или „силен ветар“. Во текот на зимските месеци, температурите достигнуваат височина од 22 °C (72 °F) и ниско ниво од околу 15 °C (59 °F), додека во текот на летото средната височина од 28 °C (82 °F) и може да се очекува ниско ниво од 20 °C (68 °F). Врнежите се околу 147 мм годишно, од кои повеќето паѓаат во есен и зима. Декември е месец со највисоки врнежи од дожд.

Песочна бура, позната како Калима може да помине низ островот поради пустината Сахара на северозапад и може да предизвика високи температури, ниска видливост и сушење на воздухот. Температурите за време на овој феномен привремено се зголемуваат за околу 10 степени. Ветрот носи убава црвена прашина.

Диви животни

Островот е дом на едно од двете преживеани популации на загрозениот канарски египетски мршојадец. Исто така е населен со многу диви кучиња и мачки. На неплодно, карпесто земјиште се наоѓаат верверици и гуштери. Фуертевентура, исто така, е дом на неколку птици за миграција и гнездење. На островот има значителни популации на гугутка.

И покрај неговата сурова клима, островот е дом на изненадувачки голема фауна на инсекти. Пеперутки кои најчесто се појавуваат на островот се: Colias hyale и Pontia daplidi, Danaus plexippus и Danaus chrysippus. Песочните дини и крајбрежјето се дом на голем број пчели и оси.

Население

Островот има население од 74.983 жители. Во текот на својата долга историја, Фуертевентура страдала од опаѓање на населението поради економската ситуација и клима, што го направиле пуст остров. Сепак, развојот на туризмот во текот на 1980-тите години од тогаш го предизвикало населението да расте од година во година, што е двојно повеќе од една деценија.

Во 2005 година, со 86.642 регистрирани жители, населението на Фуертевентура е следното:

родени на островот: 30.364 родени на друг Канарски Остров: 13.175 родени на друго место во Шпанија: 20.938 родени во други земји: 22.165

Споредбата на овие податоци со оние на пописот од 2001 година покажува дека бројот на постојани жители родени на островот е зголемен за само 3.000. Бројот што се преселил од странство на островот се зголемил за 22.910, што го прави најголемиот придонес за порастот на населението во последниве годиниThe total population in 2001 was 60,273 inhabitants. Source: Instituto Canario de Estadística (ISTAC).

Образование

Островот има 116 училишта2003-2004 data. Only two of the centres are private. Source: Instituto Canario de Estadística (ISTAC), со вкупно 14.337 ученици2003-2004 data. Puerto del Rosario has 6,468 alumni of Enseñanzas de Régimen General. Tuineje is the second largest with 2,647 Source: Instituto Canario de Estadística (ISTAC). Од нив, 45 се основни училишта, десет се средни училишта, шест се за студенти со степен баклавар и четири се стручни колеџи2003-2004 data. Most of these centres are in Puerto del Rosario. At the other extreme, Betancuria only has 3 infant schools and 3 primary schools. Source: Instituto Canario de Estadística (ISTAC).