Барзингхаузен () — град во округот Хановер, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Сместен е на ридскиот масив Дајстер, околу 20 километри западно од покраинскиот главен град Хановер. Барзингхаузен припаѓа на историската област Каленбершки крај и првпат бил споменат во 1193 година.
Географија Местоположба
Барзингхаузен се наоѓа на ридскиот масив Дајстер помеѓу средногерманските ридски масиви и Северногерманската Низина. Градот административно припаѓа на регионот Хановер и се наоѓа во рамки на историската област Каленбершки крај. Дајстер е оддалечен околу 200 метри од градскиот центар.
Соседни општини
Барзингхаузен се граничи со Вуншторф, Зелце, Герден, Бад Нендорф, Венигзен (Дајстер), Шпринге, Лауенау и Бад Миндер на Дајстер.
Градски единици
мини|300п|десно|Воздушен поглед на градот
Градот се состои од следниве единици (бројот на жители во загради):
Банторф (1.270) Баригзен (239) Барзингхаузен (околу 14.200) Екерде (557) Егешторф (8.992) Гексе (535) Гросголтерн (1.317) Грос Мунцел (1.162) Хоенбостел (1.743) Холтензен (265) Кирхдорф (2.070) Ландрингхаузен (912) Лангредер (1.030) Нордголтерн (454) Остермунцел (334) Штемен (698) Вихтрингхаузен (592) Винингхаузен (1.046)
Историја
Во Барзингхаузен се наоѓа стар манастир, кој бил основан во текот на доцниот среден век. Во тоа време, плодната почва и бројните потоци на реката Зидауе биле погодни за земјоделство и бројни ветерници во Каленбершки крај. Барзингхаузен станал рударски град помеѓу 1871 и 1957 година. По Втората светска војна почнале да се развиваат други сектори.
Население
1998 - 34.743 1999 - 34.648 2000 - 34.497 2001 - 34.408 2002 - 34.370 2003 - 34.376 2004 - 34.253
(на 31 декември)
Главни знаменитости
мини|300п|десно|Манастирската црква „Св. Богородица“
Во градот се наоѓаат следниве знаменитости:
манастирот Барзингхаузен, првпат споменат во 1193 година; манастирската црква „Св. Богородица“ (Marienkirche); отворениот театар Дајстер (Deister Freilichtbühne); рудникот „Клостерштолен“ (Klosterstollen); спортскиот хотел Фуксбахтал; и фудбалскиот сојуз на Долна Саксонија.
Меѓународни односи
Збратимени градови
Барзингхаузен е збратимен со следниве градови:
Мон Сен Ењан, Франција Бжег Долни, Полска Вурцен, Германија Ковел, Украина
Познати луѓе
Хајнц Ерхарт (1909-1979) — глумец и комичар Ханс-Јоахим Мак (1928-2008) — генерал
Наводи
Надворешни врски
Официјална страница
Категорија:Хановер (регион)