мини|Одајата на Ниоба. мини|Долга сала чии ѕидови првично биле покриени со таписерии.
Уфици () — знаменит ликовен музеј во Фиренца, еден од најголемите и најстарите во светот. Содржи голем број бесценети ликовни дела од ренесансата и други периоди.
Музеот е отпочнат кога Ана Марија Луиза Медичи, како последен член на династијата, ги подарила сите семејни збирки на градот Фиренца. Се вбројува меѓу првите музеи на светот, отворен за јавноста во 1765 г., а отворен за посетители со дозвола уште од XVI век. Уфици е формално прогласен за музеј во 1865 г.
Денес Уфици е една од најзначајните знаменитости во Фиренца и меѓу најпосетените ликовни музеи во светот.
Историја мини|Посетители пред Донското тондо на Микеланџело. Изградбата на комплексот ја започнал Џорџо Вазари во 1560 г. по порачка на војводата Козимо I од династијата Медичи со цел да ги вдоми службите на фирентинската управа (, „служби“). Работата ја продолжиле Алфонзо Париџи и Бернардо Буонталенти, и ја завршиле во 1581 г. Најгорниот кат бил галерија за Медичите и нивните посетители во која се изложувала семејната збирка на римски скулптури.
Внатрешното двориште („кортиле“) е долго и тесно. Едниот крај излегува на рекатата Арно преку портал во дорски стил кој го обликува просторот без да го заградува. Ваквиот потфат важи за првиот пример за улично уредување во ЕвропаSigfried Giedion, Space, Time and Architecture (1941) 1962 fig.17.. Како сликар и архитект, Вазари применил перспектива по должината на двориштето, украсувајќи ги фасадите со корнизи на покривните стреи, меѓукатните простори и трите непрекинати скалила по целата должина. Долната фасада е наизменично наредена со столбови и потпорници со вдлабнатини (ниши) во кои во XIX век се поставени скулптури на познатите уметници.
мини|Статуи на Козимо Медичи и Андреја ди Чоне во фасадните ниши.
По смртта на Козимо I, работите на комплексот продолжиле под надзор на неговиот наследник, големиот војвода Франческо I. Овој го задолжил архитектот Буонталенти во конструкцијата на одајата наречена „Трибуна“ со цел во неа да бидат изложени ремек-дела и скапоцености. Одајата имала значајно влијание врз културната наобразба на високата класа од Северозападна и Средна Европа која ја посетувала како дел од Големата обиколка. Шестаголната просторија е завршена во 1584 г.
Со тек на време е извршена пренамена на делови од комплексот, претворајќи ги во дополнителни галерии за сликите и скулптурите на Медичите. Самиот Вазари, во неговото дело Животите на уметниците (обј. 1550 и 1568 г.) Уфици било зборно место за уметници како Леонардо да Винчи и Микеланџело, кои го посетувале дворецот „за убавина, за работа и за разонода“Fossi, Gloria. The Uffizi. (Giuniti, 1999), стр. 8.
Долго време комплексот имал 45 до 50 простории посветени на слики од XIII до XVIII век.
Денешно време Уметничкиот фонд на Уфици пораснал до тој степен што некои делови од збирките се префрлени во други музеи во градот, како што се познатите статуи во дворецот Барџело. Во 2006 г. изложбениот простор е удвоен (од 6.000 на ), со што јавноста добила прилика да посетува многу уметнички дела кои дотогаш стоеле во склад.
Во периодот од 1989 до 2017 г. се извршени постепени потфати за реновирање на музејот, осовременувајќи ги просториите дел по дел, преместувајќи ги поставките на привремени изложбени места. Со проширувањето, кон крајот на 2016 г. музејот добил 101 просторија со преземање на простории од градскиот архив.
Во 2016 г. музејот добил преку два милиона посетители, со што станал најпосетен музеј во земјата.
Несреќи На 27 мај 1993 г. Сицилијанската мафија детонирала автомобилска бомба на улицата Вија деи Џорџофили, оштетувајќи делови од дворецот и усмртувајќи пет лица. Избувот уништил пет уметнички дела и оштетил уште 30. Некои од сликите биле целосно заштитени со непробојно стакло. Најголема штета е направена во неокласичната „Одаја на Ниоба“ во која се изложуваат класични вајарски дела. Просторијата и делата денес се обновени, но фреските останале неповратно оштетени.
Кон почетокот на август 2007 г. Фиренца ја погодиле мошне обемни врнежи кои предизвикале протекување на вода низ покривот, делумно поплавувајќи ја горната галерија. Многу поголема била поплавата во 1966 г. во која значајно настрадале највеќето уметнички дела во Фиренца, вклучувајќи ги оние во Уфици.
Значајни дела
Збирката опфаќа и антички вајарски дела како Острач и Борачи.
Избрани дела
Поврзано Палацо Пити
Наводи
Надворешни врски
Уфици — Уметнички проект на Гугл
Категорија:Музеи во Фиренца Категорија:Ликовни музеи и галерии во Италија Категорија:Национални музеи на Италија Категорија:Дворци во Фиренца Категорија:Ренесансна архитектура во Италија Категорија:Појавено во 1581 година