Екватор — замислена кружница која ја дели планетата на северна и јужна полутопка. Географската ширина на екваторот по дефиниција е 0°. Должината на Земјиниот екватор изнесува 40.075 км. Земјината топка не претставува идеална сфера и е всушност најиспапчена кај екваторот каде што нејзиниот просечен полупречник од 6.375 км е зголемен за приближно 22 км.
Екваторска клима
Температурата околу екваторот е секогаш висока бидејќи ова место е најблизу до Сонцето. Не постојат четири годишни времиња во околината на оваа географска ширина. Климата е тропска, што значи постојат само две годишни времиња, обично разликувајќи се по големи врнежи или суши. Зависно од надморска висина или близина до океанот, овие два фактори може да варираат.
Екваторски држави Екваторот поминува низ територијата на 14 држави. Мора да се споменe дека иако е таканаречена, Екваторска Гвинеја не спаѓа во оваа група на држави. Почнувајќи од нултиот меридијан, па на исток, екваторот минува низ:
Координати Земја, територија, море Белешки Атлантски Океан Гвинејски Залив Островот Ролас Атлантски Океан Гвинејски Залив Минува низ местото Макуа. Минува 9 км јужно од центарот на градот Бутембо Минува 32 км јужно од центарот на градот Кампала Езеро Викторија Минува низ извесни острови во Минува 6 км северно од центарот на градот Кисуму Индиски Океан Минува низ атолите Хуваду и Фувамула во те Островите Бату, Суматра и Линга Проток Каримата Борнео Макасарски Проток Сулавеси Залив Томини Молучко Море Островите Кајоа и Халмахера Халмахерско Море Остров Геб Тихи Океан Минува 570 м северно од островот Вајгео, Минува 13 км јужно од атолот Аранука, Минува 21 км јужно од Бејкеровиот Остров, Островот Изабела во архипелагот Галапагос Тихи Океан Минува 24 км северно од центарот на градот Кито, кај населбата Митад дел Мундо Минува 4,3 км северно од границата со Перу Митад дел Мундо Рораима Амазонас Пара Амапа Пара — острови на устието на реката Амазон Атлантски Океан
Екваторот како мотив во популарната култура „Екватор“ (англиски: Equator) — песна на американската рок-група Спаркс (Sparks) од 1974 година.Sparks – Kimono My House (пристапено на 11.5.2024)
Наводи
Категорија:Напоредници Категорија:Геодезија Категорија:Тропи Категорија:Небесни координатни системи