мини|десно|Фарензен Сесквитерпен се класа на терпени кои се состојат од три изопренски единици со молекулска формула C15H24. Како и монотерпените, сесквитерпените може да бидат ациклични или да содржат прстени. Со биохемиски модификации како оксидација или преуредување на молекулата се добиваат сесквитерпеноиди.

Биосинтеза Во реакцијата помеѓу геранил пирофосфат со изопентенил пирофосфат како производ се добива фарензил пирофосфат кој е изграден од 15 C-атоми, и кој претставува интермедиер во биосинтезата на сесквитерпените.

Наводи

Категорија:Терпени и терпеноиди