Даниела де Силва – италијанска математичарка, позната по својата стручност за парцијалните диференцијални равенки. Таа е вонреден професор по математика на колеџот Барнард и Колумбискиот универзитет.

Де Силва ги завршила додипломските студии по математика на Неаполскиот универзитет, Федерико Втори, и таму дипломирала во 1997 година. Докторирала на Масачусетскиот институт за технологија во 2005 година. Нејзината дисертација, Постоење и регуларност на монотоните решенија на слободниот граничен проблем, била под менторство на Дејвид Џерисон.

По постдокторското истражување на Математичкиот научен истражувачки институт, како и после одреден период како доцент на универзитетот Џонс Хопкинс, таа се приклучила на факултетот Барнард и Колумбија во 2007 година.

Во 2016 година, Де Силва ја освоила наградата Садоски на Здружението на математичарки, за „фундаментален придонес во теоријата на регуларност на нелинеарни елиптични парцијални диференцијални равенки и нелокални интегро-диференцијални равенки“. Во 2018 година, Барнард ја наградил со наградата професор Тоу за истакнати научници и практичари.

Наводи

Категорија:Италијански математичари Категорија:Математичарки