Ристо Палигора (влашкиː Risto Paligora; , - , ) — македонски историчар на уметноста и публицист. Бил советник конзерватор во Завод и музеј –Битола и познат експерт во Македонија од областа на конзервацијата и историјата на уметност.
Животопис Палигора е роден во Битола во 1961 година во влашко семејство. Тој учествувал во конзервацијата на поголем дел од верските објекти во Битола и Битолско и се залагал за поголема заштита на историско-културното богатство во овој регион. Тој бил и вклучен во изработка на проектот за заштита на црквата „Св. Ѓорѓи“ во селото Курбиново, Преспанско. Бил автор на голем број дела поставени на уникатноста и заштитата на културното наследство, а последната книга ја објавил еден месец пред да почине во ноември 2018 година, била посветена на Влашката црква во Битола. Починал во Битола на 24 декември 2018 година.
Библиографија
Р. Палигора, Пристап кон јавноста и маркетинг во музеите, во: Зборник на трудови на Заводот за заштита на спомениците на културата, природните реткости, музеј и галерија – Битола, бр. 9, Битола 1988. Р. Палигора, Резбаната декорација од црквата Св.Петка во с. Маловиште, во, Перистил, Зборник радова за повијест умјетности, г. XXXII, бр. 31-32, Загреб 1989. Р. Палигора, Св.Петка- Маловишта, изд. Црковен одбор Маловишта, Битола 1988. Р. Палигора, Маловишта (фотомонографија), Завод за заштита на спомениците на културата, музеј и галерија – Битола, Битола 2001. Р. Палигора, Сликарството од црквата Успение на Св. Богородица во Велушина, Битола : Херакли комерц, Битола 2001. Р. Палигора, Црквата Успение на Пресвета Богородица во селото Велушина, во: Битола низ вековите, VI , Битола 2003. Р. Палигора, Влашката заедница од Битола во почетокот на 19 век и нејзиниот придонес во изградбата на црквата Св. Димитрие, во „Битола низ вековите“, Битола 2004. Р. Палигора, Маловишта - традиција што трае, Битола : Здружение за одржлив развој на с. Маловишта - ЕКЕ, 2004 Р. Палигора, Св. Петка, Маловишта, јубилејно издание по повод 150 годишнината од изградбата на црквата, Битола 2006. Палигора, Ристо, Студија за поврзување и промоција на манастирскиот туризам на Баба Планина Студија за поврзување и промоција на манастирскиот туризам на Баба Планина . Битола, Центар за развој на Пелагонискиот плански регион, декември 2011. Р. Палигора, Неколку царски двери од XVI и XVII век во регионите на Пелагонија и Преспа, Прилози, Год. 44, бр. 1/2 (2013) Р. Палигора, Црквата „Св. Димитриј“ во Долно Чарлија, Битола : НУ Завод и музеј Битола, 2016 Р. Палигора, Сенки на фениксот : ѕидното сликарство од Долно Егри, Битола : НУ Завод и музеј Битола, 2016 Р. Палигора, Православниот храм Св. Константин и Елена во Битола, Битола : Комуна на Власите-Армʼните "Браќа Манаки", 2018
Наводи
Категорија:Македонски Власи Категорија:Македонски историчари на уметноста Категорија:Македонски публицисти