Константин Георгиевски (р. на година во Охрид, СФР Југославија) — тековен вршител на должноста градоначалник на Општина Охрид од декември 2018 година, наследувајќи го избраниот на локалните избори Јован Стојаноски. По професија е лекар специјалист за интерна медицина. Георгиевски е оженет и татко на две деца. Тој се занимава и со планинарење.
Рани години и образование Георгиевски е роден на 9 октомври 1977 година во Охрид. Неговото основно образование го завршува во ОУ „Григор Прличев“, а средното образование во гимназијата „Св. Климент Охридски“ во Охрид. Од 1996 до 2003 година е доктор по медицина на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде што дипломира, а подоцна од 2005 до 2009 година се стекнува со специјализација по интерна медицина.
Во 2001 година учествува во истражувачки проект со експериментални пресадувања на тема пресадување на бубрези и црн дроб на Хелсиншкиот универзитет во Финска. Во периодот од 2008 до 2010 година бил на неколку обуки за дијагностички ултразвук, ехо дијагностика, васкуларна ехо дијагностика, биопсии под ехо и ехо на мали органи на Универзитетот „Томас Џеферсон“ во Филаделфија, САД.
Политичка кариера Георгиевски е симпатизер на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. На локалните избори во 2017 година е носител на списокот на советници на СДСМ. По доаѓањето на власт во Охрид на Јован Стојаноски тој е избран за негов заменик градоначалник. По ненадејната смрт на Стојаноски, Георгиевски ја презема неговата функција како вршител на должноста градоначалник на Општина Охрид на 25 декември 2018 година. Тој е избран од општинскиот совет со 15 гласови за од вкупно 23 пратеници на 22. вонредна седница на советот и ќе ја врши должноста сè до избор на нов градоначалник на локални избори.
Наводи
Категорија:Политичари од Охрид Категорија:Политичари од СДСМ Категорија:Градоначалници на Општина Охрид