Срп — закривена рачна земјоделска алатка која обично се користела за жнеење житни култури пред да биде измислена современата жетвена машинерија. Се состои од закривено сечило со кратка рачка. Внатрешноста на кривината е остра, така што при замавнување со него по основата на растението, работникот едновремено го го потфаќа и сече растението.

Слична на оваа алатка е косата. Највоочливата разлика помеѓу српот и косата е обликот на сечилото - кај косата тоа е поправо, додека кај спрот е повеќе во облик на буквата „С“ со зашилување на крајот, како и должината на рачката.

Во старогрчката митологија српот е оружје на Хрон и Персеј.

Друга употреба Српот е дел од добро познатиот двоец „срп и чекан“, кој е симбол на комунизмот и револуционерниот социјализам. Српот тука го претставува селанството. Такит вели дека во друидиските обреди се користеле златни српови.

Поврзано

Срп и чекан Коса Српна двоколка Хопеш

Категорија:Ладно оружје Категорија:Секачи Категорија:Рачен алат Категорија:Градинарски алатки