Мери Арлен Апелхоф (; 1936-2005) — американски биолог, вермикомпостер и природозаштитник. Во 2009 година е прогласена за почесен член на „Месецот на женска историја“ од страна на Проектот за национална женска историја.
Семејство и образование
Мери А. Апелхоф е родена во Детроит, Мичиген на 11 јуни 1936, како ќерка на Гилберт Г. Апелхоф и Хилда Вајтли Апелхоф. Нејзиниот татко е пастор во Епископалната црква св. Џон во Алма, Охајо и во Епископалната црква св. Томас во Береа, Охајо. Во 1954 матурира од средното училиште Береа во Береа, Охајо, а во 1958 дипломира биологија на Државниот универзитет Мичиген во Источен Лесинг, Мичиген. Во 1959 Апелхоф магистрира по биологија, исто така на Државниот универзитет Мичиген. Подоцна студира напредна биологија, искуство со вкупно 5 години студии.
Апелхоф има многу таленти што вбројуваат експертско пливање и фотографирање на природата. Предава наука во Централното средно училиште Каламанзу во Каламанзу, Мичиген, но предава и на Академијата за уметности Интерлокен во Интерлокен, Мичиген.
Создавање и промовирање на систем со црви Во раните 1970-ти Мери Апелхоф почнува да експериментира со црви и органско ѓубре. Нејзиниот домашен контејнер со црви ќе стане нејзина нова кариера.
Нејзината визија на Стокхолмската конференција за човекова средина (1972) е: "Тони црви можат да изедат тони ѓубре".
Наскоро јавно застанува во одбрана на вермикомпостот и користи дождовниот црв за да ја рециклира храната. Како "Жена Црв" запознава илјадници ученици и домашни градинари со вермикомпостот. Наградена е со грант од Националната научна фондација да прави видеомикроскопија на живи црви. This resulted in a DVD "Wormania."
Фловер Прес Мери Апелхоф купува стара мимеографска машина од Демократската Партија во раните 1970-ти. Ја користи за да создаде брошура насловена "Подрумските канти за црви создаваат плодна почва и го намалуваат ѓубрето". До 1976 нејзините издавачки интереси стануваат цврсти, па таа го основа Фловер Прес. Подоцна го објаснува нејзиното размислување на самоиздавањето на нејзиниот бестселер Црвите го јадат моето ѓубре.
Мојата цел не беше да заработам повеќе пари, туку да влијаам врз размислувањата на луѓето. Да ги натерам да размислуваат поинаку за отпадот и да им дадам алатки да се справат со него. Самоиздавањето на мојата книга беше начинот на кој јас можев да го направам тоа. Затоа научив што требаше да научам за да бидам во можност да направам нешто такво.
Трудови Црвите го јадат нашето ѓубре. Фловер Прес 1982; 1 ноември, 1997, Црвите го јадат моето ѓубре: Како да направиш и одржуваш вермикомпостски систем, ноември, 2006, Црвоманија [ДВД], Фловерфилд Ентерпрајзес. Достапно на wormwoman.com
Оставнина Црвоманија е прикажан на Ред Летер Медија списокот на Најдобри од најлошите: Тркало на најлошите #14, каде што панелот понуди опсежен коментар на видеото, опфаќајќи го квалитетот на продукцијата, музиката и позитивниот став и среќната појава на Мери Апелхоф како додаток на нејзината очигледна страст за црвите.
Наводи
Надворешни врски Worm Woman website
Категорија:Американски биолози Категорија:Родени во 1936 година Категорија:Починати во 2005 година Категорија:Природозаштитники Категорија:Американски научници Категорија:Жени биолози Категорија:Научници од Детроит Категорија:Американски природозаштитници