мини|десно|250п|Црквата во Марија Еленд (Подгорје). Санкт Јакоб во Розентал () или Шентјакоб во Рож () — град и општина во округот Филах-Околина на сојузната покраина Корушка, Австрија.
Географија Општината се граничи со Словенија на југ, и реката Драва на север. Сместена е во западниот дел на долината Розен (Рож).
Населени места Општината Санкт Јакоб во Розентал ги опфаќа 22 села. Тука се наведени нивните германски и словенечки имиња, како и бројот на жители ():
Словенечко население Според пописот од 2001 г. Словенците сочинуваат 16,4 % од населението.
Историја Во 1920 г. Санкт Јакоб бил една од 17-те корушки општини каде мнозинство од населението (54 %) гласало за влегување во Југославија. Општината сепак останала во Австрија бидејќи 59 % од гласачите во пошироката единица биле против припојувањето.
Познати личности Матија Ахацел (1779-1845) — словенечки јазичар и фолклорист, роден во с. Горенче (Горенчах) Антон Јанежич (1828-1869) — словенечки јазичар и книжевен критичар, роден во с. Леше (Лесах)
Наводи
Надворешни врски
Портал на Санкт Јакоб во Розентал Податоци за Санкт Јакоб во Розентал — Статистика Австрија
Категорија:Градови во Корушка Категорија:Општини во Корушка Категорија:Филах-Околина