Труење со јаглерод моноксид вообичаено се случува поради вдишување на поголемо количество на јаглерод моноксид (CO). Симптомите често се опишуваат како „слични на грип“ и вообичаено вклучуваат главоболка, вртоглавица, слабост, повраќање, градна болка, и конфузија. Изложеност на поголеми количини може да резултира со губиток на свест, аритмија, напади, и смрт. Класично опишуваната „црвена како цреша кожа“ ретко се случува. Долготрајните компликации вклучуваат чувство на замор, проблеми со меморијата и движењето. Кај лица изложени на чад, предвид треба да се земе труење со цијанид.

Труење со јаглерод моноксид може да настане случајно или како обид за самоубиство. CO е гас без боја и мирис, кој првично не предизвикува иритација. Се создава при нецелосно согорување на органската материја.

Знаци и симптоми Јаглерод моноксидот не е токсичен за сите форми на живот. Неговите штетни ефекти се должат на врзувањето со хемоглобинот, па неговата токсичност кај организми кај кои не е присутен хемоглобинот е нејасна. На тој начин нема влијание врз растенијата кои вршат фотосинтеза. Лесно се апсорбира од белите дробови. Вдишување на гасот може да доведе до хипоксична повреда, оштетување на нервниот систем, па дури и смрт. Различни луѓе и популации можат да имаат различни нивоа на толеранција на јаглерод моноксид. Во просек, изложеноста на 100 ppm или повеќе е опасна по здравјето на луѓето. +Ефектите на јаглерод моноксид во однос на неговата концентрација во делови во милион во воздухот:КонцентрацијаСимптоми35 ppm (0.0035%), (0.035‰)Главоболка и вртоглавица во рок од шест до осум часа при константна изложеност100 ppm (0.01%), (0.1‰)Мала главоболка во рок од два до три часа200 ppm (0.02%), (0.2‰)Мала главоболка во рок од два до три часа; губиток на расудувањето400 ppm (0.04%), (0.4‰)Фронтална главоболка во рок од еден до два часа800 ppm (0.08%), (0.8‰)Вртоглавица, гадење, и конвулзии во рок од 45 min; губење на осет во рок од 2 часа1,600 ppm (0.16%), (1.6‰)Главоболка, тахикардија, вртоглавица, и гадење во рок од 20 min; смрт за помалку од 2 часа3,200 ppm (0.32%), (3.2‰)Главоболка, вртоглавица и гадење во рок од пет до десет минути. Смрт за 30 минути.6,400 ppm (0.64%), (6.4‰)Главоболка и вртоглавица за една до две минути. Конвулзии, респираторен застој, и смрт за помалку од 20 минути.12,800 ppm (1.28%), (12.8‰)Несвестица после 2–3 вдишувања. Смрт за помалку од три минути.

Акутно труење thumb|upright=1.3|Симптоми на труење со CO

Главни манифестации на труење со јаглерод моноксид се јавуваат во органските системи кои најмногу зависат од кислородот, централниот нервен систем и срцето. Првични симптоми се главоболка, наузеа, малаксаност и замор.

Хронично труење Хроничната изложеност на релативно ниски нивоа на јаглерод моноксид може да предизвика постојана главоболка, замаеност, депресија, конфузија, губиток на меморија, гадење, нарушување на слухот и повраќање. Не е познато дали хроничната изложеност на ниски нивоа може да предизвика трајно невролошко оштетување. Вообичаено, по прекинување на изложеноста на јаглерод моноксид, симптомите исчезнуваат, освен доколку нема епизода на сериозно акутно труење.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Токсикологија Категорија:Итни медицински состојби