Вера Белик ( – ) беше навигатор и гардиски поручник на 46-та Таманска гарда на ноќен бомбашки воздухопловен полк каде работи заедно со пилотот Татјана Макарова. Откако нивниот По-2 е соборен од германските сили по завршувањето на бомбардерската мисија, таа посмртно е прогласена за Херој на Советскиот Сојуз на 23 февруари 1945 година.
Ран живот Белик е родена во Охримовка, Украина на 5 август 1921 во украинско семејство и е најстара од шест деца. Нејзиниот татко е мајстор електричар. Поголемиот дел од нејзиното детство таа живее во Керч, Крим, каде што и завршува средно училиште во 1939 пред да се запише на педагошкиот институт Карл Лиебкнехт во Москва, каде што студира математика.
Воена кариера Белик ѝ се придружува на Црвената армија во октомври 1941 по почетокот на војната и станува активна во мај 1942. Белик е обучувана за навигатор на училиштето за воено воздухопловство Енгелс и по завршувањето на кратките навигациски курсеви што траат три години во време на мир, доделена е на 588-от Ноќен бомбашки воздухопловен полк (подоцна 46-та Гарда) во средината на 1942. Соработува со Татјана Макарова која служи како пилот на По-2 на кој Белик е навигатор. Во декември 1942, полкот е проширен и Белик е унапредена во навигатор на втората ескадрила. Навигатор е во тешки летови над Украина, областа Кубањ во Северен Кавказ, Крим, Белорусија, и Полска. На 1 август 1944, таа и Макарова полетуваат во првата бомбашка мисија над Источна Прусија- првото летало на полкот што лета над германска почва.
Ноќта на 25 август 1944, на нејзиниот 813-ти лет, авионот со кој летаат Белик и Макарова е нападнат од германските сили над Остроленка, Полска, убивајќи ги двете. Има вкупно 1287 часа летање од кои 1045 во борба. Во тие 813 лета има фрлено 106 тони експлозив над територија контролирана од непријателот, предизвикувајќи 156 големи експлозии и 143 пожари, уништувајќи два рефлектора, две складишта со муниција, три непријателски премини, три копнени противвоздухопловни топови и преку два непријателски пешадиски вода. За нејзините воени операции номинирана е за титулата Херој на Советскиот Сојуз и истата ја добива посмртно на 23 февруари 1945, на истиот ден кога и нејзиниот пилот Макарова е прогласена за Херој на Советскиот Сојуз.award sheet
Награди и почести Награди Херој на Советскиот Сојуз Орден на Ленин Орден на Црвеното Знаме Орден на Патриотската Војна Прва класа Орден на Црвената ѕвезда Споменици и посвети Советско плико од серијата пликоа во 1981 кога меѓу портретите на луѓе прогласени за херои на Советскиот Сојуз се најдоа и портретите на Белик и Макарова. Споменик во Керч, Крим (прикажано на сликата). Во лобито на Московскиот државен педагошки институт, каде што таа студирала, има меморијал посветен на неа. Во Охримовка, Украина има училиште и улица именувани по Вера Белик. Училиштето бр.17 во Керч е преименувано во нејзина чест.
Поврзано Список на хероини на Советскиот Сојуз Татјана Макарова – нејзин пилот на денот кога се соборени Руфина Гашева – друг пилот од полкот; таа преживува соборувања неколкупати Поликарпов По-2 – авионот во кој е соборена „Ноќни вештерки“ – полкот на Белик
Наводи
Категорија:Родени во 1921 година Категорија:Починати во 1944 година Категорија:Украински жени во Втората светска војна Категорија:Советски војници убиени во Втората светска војна Категорија:Херои на Советскиот Сојуз Категорија:Добитнници на Орденот на Ленин Категорија:Носители на Орденот на Црвеното знаме Категорија:Добитници на Орденот на Патриотската Војна, Прва класа Категорија:Соборени пилоти Категорија:Носители на Орденот на Црвената ѕвезда Категорија:Носители на Орденот на Ленин Категорија:Носители на Орденот на Татковинската војна од I степен