Светско првенство во ракомет за мажи во 2011 година — 22-от настан каде што домаќин била Меѓународната ракометна федерација, и се одржал во Шведска од 13-30 јануари 2011 година. Сите натпревари биле одиграни во Малме, Лунд , Кристијанстад, Гетеборг, Шевде, Јеншепинг , Линшепинг и Норркопинг .
Во прелиминарниот круг, 24 тимови од сите континенти во светот биле поделени во 4 групи, со првите три екипи кои напредувале низ главниот круг во две групи, носејќи ги претходно освоените бодови против останатите тимови. Франција победила на турнирот откако ја победила Данска во финалето, додека Шпанија го освои бронзениот медал по победата над Шведска во натпреварот од третото место. Така, Франција се квалификувала за турнирот на Олимпијадата во Лондон .France win World Championships to reach London 2012 , BBC, 30 January 2011. Тимовите кои завршиле од 2-то до 7-то место, настапиле на олимпискиот квалификациски турнир.
Сали
МалмеГетеборгЛиншепингНоршепингМалме АренаСкандинавиумСААБ аренаХимелсталундсхаленКапацитет: 13,000Капацитет: 12,044Капацитет: 8,500Капацитет: 4,300Јеншепинг СковеКинарпс АренаАрена СковеКапацитет: 7,000Капацитет: 2,500КристијанстадЛундКристијанстад АренаФФС АренаКапацитет: 4,700Капацитет: 3,000
Список на квалификувани репрезентации Бахреин и Чиле се квалификувале за првпат на едно Светско првенство во ракомет. Австрија за првпат се квалификувала во 1993 година, кога повторно домаќин била Шведска.
Следниве 24 екипи се квалификувале за завршниот турнир:
EHF (14)
(домаќин)
CAHB (3)
AHF (3)
PATHF (3)
OHF (1)
Учесници
Шешир 1Шешир 2Шешир 3Шешир 4Шешир 5Шешир 6 (3-то место од Америка) (2-ро место од Азија) (3-то место од Азија) (Шампион од Океанија) (2-ро место од Африка) (Шампион од Америка) (3-то место од Африка) (2-ро место од Америка) (Квалификации од Европско првенство) (Шампион од Африка) (Евро плеј-оф) (Евро плеј-оф) (Евро плеј-оф) (Евро плеј-оф) (Евро плеј-оф) (Шампион од Азија) (Бранител на турнирот) (2-ро место од Европа) (3-то место од Европа) (4-то место од Европа) (Евро плеј-оф) (Евро плеј-оф) домаќин (Евро плеј-оф)''
Состав
Секоја репрезентација има право на 16 играчи.
Судии
На 25 октомври 2010 година, биле потврдени официјалните лица од натпреварот за турнирот.
Судии Каџем МезијанОтман Си Бахир Карлос МаринаДарио Миноре Хесус МенесесПинто Јалатима КулибалиМамаду Дијабате Вацлав ХорачекЈержи Новотни Пер ОлсенЛарс Педерсен Нордин ЛазарЛорен Реверет Ларс ГипелМаркус Хелбиг Мохсен КарбашиМаџид Колахдузан
Судии Ѓорѓи НачевскиСлавко Николов Кенет АбрахамсенАрне Кристијансен Богдан СтаркРомео Штефан Ненад КрстиќПетер Љубиќ Ненад НиколиќДушан Стојковиќ Микал БадураЈарослав Ондогрецула Оскар ЛопесАнхел Рамирес Рикард КанброМикаел Клаесон Омар ел-МарзукиМохамад ел-Наими
Групна фаза Дваесет и четири учеснички тимови биле сместени во следните четири групи. По одигрувањето и завршувањето на главната фаза, првите три екипи во секоја група се пласирале во Главната фаза. Последните три екипи во секоја група одиграле натпревари за конечен пласман.
Критериум Доколку по три одиграни натпревари во групната фаза на овој турнир, две или повеќе екипи во групата имаат со еднаков број на бодови, завршните позиции ќе бидат утврдени според следниве критериуми по следниот редослед ihf.info ; IHF info brochure, Tiebreaking criteria, page 49. Retrieved 21 јануари 2011.:
број на освоени бодови на натпреварите меѓу односните екипи гол разлика во натпреварите меѓу репрезентациите за кои станува збор број на постигнати голови на натпреварите меѓу односните екипи (ако повеќе од две екипи завршат со еднакви на бодови) гол разлика во сите натпревари во групата број на постигнати голови на сите натпревари во групата
Екипата продолжува во Главната група
Група A (Кристијанстад/Лунд)
Сите натпревари започнуваат според Средноевропско време (UTC+1)
Група B (Норшепинг/Линшепинг)
Сите натпревари започнуваат според Средноевропско време (UTC+1)
Група C (Малме/Лунд)
Сите натпревари започнуваат според Средноевропско време (UTC+1)
Група D (Гетеборг)
Сите натпревари започнуваат според Средноевропско време (UTC+1)
Главна група Првите три екипи на секоја прелиминарна група се пласираат во Главната група. Секој тим ги пренесува бодовите од натпреварите од Групната фаза против екипите кои исто така продолжиле. Во Главна група, секој тим одиграл 3 натпревари против противниците со кои не се соочил во Групна фаза. Првите две од секоја група продолжиле во полуфиналето, другите екипи одиграле натпревари за конечен пласман.
Екипата продолжува во полуфинале
Група I (Јеншепинг)
Сите натпревари започнуваат според Средноевропско време (UTC+1)
Група II (Малме/Лунд)
Сите натпревари започнуваат според Средноевропско време (UTC+1)
Претседателски куп Групна фаза
Натпревар за 23 место
Натпревар за 21 место
Натпревар за 19 место
Натпревар за 17 место
Натпревар за 15 место
Натпревар за 13 место
Натпревар за 11 место
Натпревар за 9 место
Натпревар за 7 место
Натпревар за 5 место
Финална фаза (Кристијанстад/Малме)
Полуфинале
Натпревар за 3 место
Финале
Финалето се играше во распродадената до последно место арена во Малме меѓу Франција и Данска, а на натпреварот присуствувале 12.462 гледачи. Покрај тоа, натпреварот се емитувал на двата главни дански јавни телевизиски канали DR1 и ТВ 2 со 2.670.000 гледачи, што го прави најгледаниот спортски настан во Данска досега.
Прво полувреме
Францускиот тим го започнал натпреварот со водство од 2-0 и одржувал водство до 17-та минута, кога Данска направила серија од 3:0 и изедначила на 9: 9 со пенал од Егерт. На следниот напад, Микел Хансен ја добил првата двоминутна суспензија на Данците, дозволувајќи и на Франција да оствари уште едно водство со разлика од три гола. Резултатот на полувремето бил 15-12 во корист на Франција. Второ полувреме
Второто полувреме започнало со тоа што Франција одржувала водство од најмалку два гола во првите 15 минути. Но, по неколку одбрани во низа од добро расположениот Ландин, Микел Хансен изедначил на 24-24 со 11 минути игра. Сепак, Франција го презела водството уште еднаш, но на само пет минути од крајот на натпреварот, резултатот бил 29-27, а Фернандес бил казнет со 2-минутна суспензија. Данска ја искористила предноста, постигнувајќи два гола и изедначила на 29-29 на 3:30 минути до крајот. Во последната минута, Французите имале еден гол предност, 31-30. Данскиот селектор Улрик Вилбек го искористил тимскиот тајмаут на 25 секунди до крајот, за да го подготви тимот за последниот напад. Останале уште три секунди, кога Спелерберг постигнал од гол и изедначил на 31-31, со кое натпреварот завршил и морало да се оди на продолжение.
Продолжение
Во 64. минута, Данците го запишале првото водство на натпреварот 33-32, но во следната минута Французите постигнале два гола. Првата половина од продолжението завршила со француско водство од 34–33.
Второто продолжение започнало со тоа што ветеранот Ларс Кристијан шутирал пенал, израмнувајќи на 34–34. Французите го презеле водството со постигнување на два гола, 36-34, кога Омејер спасил удар од Микел Хансен на 9 метри на нешто повеќе од една минута. Гигу го постигнал последниот гол на натпреварот на една секунда пред крајот, со кое конечниот резултат на натпреварот бил 37–35 во корист на Франција. Никола Карабатиќ и Микел Хансен, двајцата постигнале 10 гола во финалетоWC 2011′s ideal lineup chosen – Karabatic MVP , Planet Handball, а Карабатиќ бил избран за МВП на првенството, а Хансен за најдобар стрелец.
Табела и статистика Конечна табела
4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 Квалификувана за Летните олимписки игри 2012 Квалификувана за Квалификации за Летните олимписки игри
Најдобри голмани МестоИмерепрезентација%ОдбраниШутеви 1 Дауда Карабуе 47.5% 56 118 2 Јохан Шостранд 41.5% 108 260 3 Јоханес Битер 41.0% 96 234 4 Оле Еревик 40.4% 69 171 5 Никлас Ландин 39.5% 121 306 6 Ли Чанг-Ву 39.1% 45 115 7 Парк Чан-Јанг 38.4% 58 151 8 Нандор Фазекаш 38.2% 92 241 9 Абдулмалек Слахдџи 37.7% 81 215 10 Тијери Омејер 37.5% 110 293 Минимум 20% од вкупно упатените удари се спасени. Извор: Hego official statistics
Најдобри стрелци МестоИмеРепрезентацијаГоловиШутеви% 1 Микел Хансен 68 121 56% 2 Хавард Тведтен 56 86 64% Марко Вујин 114 49% 4 Вердан Зрниќ 54 71 76% Бјарте Мирхол 6 Александер Петерсон 53 88 60% 7 Никола Карабатиќ 51 80 64% 8 Томаш Тлуцински 47 60 78% Гудјон Валур Сигурдсон 69 68% 10 Никлас Екберг 43 67 64% Извор: Hego – официјална статистика
Светски шампион во ракомет 2011 година FranceFourth title
Состав Жером Фернандес , Дидије Динар, Хавиер Баракет, Бертран Жил, Гијом Жоли, Самуел Хонрубија, Дауда Карабуе, Никола Карабатиќ, Франк Жунилон, Тијери Омејер, Вилијам Акембрај, Лик Абало , Седрик Сораиндо, Микаел Гигу, Бертранд Рине, Себастијен Баскет, и Арнуд Бинго.Тренер: Клод Онеста.
Најдобра екипа Голман: Лево крило: Лев бек: Пивот: Среден бек: Десно крило: Десен бек: Избрани од официјални лица: IHF.info
Останати награди Most Valuable Player:
Телевизиски права : TyC Sports : ORF Sport Plus : TV Esporte Interativo, BandSports : HRT, ArenaSport : Sport 1 : TV 2, DR : Sport 1 : Canal + : ARD, ZDF, SPORT1 : Sport 1 : KBS N : Stöð 2 Sport : TV 2 : TVP : SportTV , Среден Исток и северна Африка: Al Jazeera Sports : DolceSport : NTV Plus Sport : Радиотелевизија Србија, Арена спорт : Šport TV : TVE, Canal+ : TV4
Наводи
Надворешни врски
Официјално мрежно место
Категорија:Ракометот во 2011 година Категорија:Светски првенства во ракомет 2011 Категорија:Спортски натпреварувања во Шведска Категорија:Шведска во 2011 година