Зрновско (дијалектно: Зрноско; , служ. ) — село во Општина Пустец, Област Горица, Албанија. Селото припаѓа во географската област Мала Преспа.
Географија и местоположба Зрновско е село во Мала Преспа. Селото се наоѓа на крајниот југозападен брег на Големото Преспанско Езеро. Во северното подножје на Иван Планина и Сува Гора, се наоѓа на надморска висина од околу 865 м.н.в.
Соседни села на селото Зрновско се: од север селото Леска, Пустец и водите на Преспанското Езеро. Од исток со селото Церје и селото Орово (Егејска Македонија). И од југ со селата Ѕвезда и Голо Брдо.
Топоними Попознати места во атарот на селото се: Алио Дол, Арангел, Бачилото, Белите Камење, Блато, Ваковчето, Вртељка, Габро, Грмадите, Гуменица, Гумното, Дамас, Дупките, Заткопадина, Зарезана Стена, Зрновско, Иван Голем, Иван Мал, Кладенецо, Калгагуните, Калугер, Кафа, Кафчето, Корито, Крајнојца, Крстенко, Лучки, Малкунките, Осо, Писан Камен, Ралник, Ридо Голем, Старгулиг, Старо Село, Тодорица, Трапеник, Трпунивиште, Црвена Горица.
Историја Зрновско е старо, повеќевековно) село, во кое отсекогаш живееле православни Македонци. Селото најрано се спомнува во периодот 1568/69 г. за казата Билишта.
Село првобитно се наоѓало 2 км источно од денешната положба, до водите на Преспанското Езеро. Во XVIII век морало да се премести поради поплавувањето од надојдените води.
Селото дало активен придонес во текот на Илинденското Востание, а како еден од главните дејци на организацијата се спомнува Вангел Тодоровски (1885-1902) кој да не падне во рацете на непријателот се самоубил во борбите кај селото Волкодери. Исто така познат илинденец бил и Кристо Трајче Аргировски.
По 1912 г. селото потпаднало под Грција, за после 1923 г. да ѝ биде доделено на Албанија.
Селото активно учествувало и во текот на Втората светска војна, па така излегле партизани од ова село. Помеѓу партизаните во Македонија се приклучиле двајца, а во партизаните во Албанија — тројца партизани.
Стопанство
Демографија Според Васил К’нчов, во 1900 г. селото броело 250 жители, сите православни Македонци.
ГодинаНаселение1900 250 1926 1561945 2011960 2471969 3071979 3171989 322 2000 348
Родови Зрновско е македонско село.
Родови во селото се: Андоновци (доселени од Шулин), Аргировци, Бојчевци (доселени од Шулин), Волкановци (доселени од Шулин), Димовци (доселени од Церје), Крстиновци, Коруновци, Ридовци (доселени од Церје во 1980 г.), Секуловци, Сотировци, Спировци (доселени од Церје во 1980 г.), Танасовци, Тодоровци и Трповци.
Општествени установи
Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Личности
Култура и спорт
Иселеништво Од селото има иселеници на многу места. Од Андоновци и Аргировци во Горица (Корча). Од Танасовци во Елбасан. Од Тодоровци во Поградец. Од Танасовци во Прњези. Од Тодоровци во Валона. Од Секуловци и Бојчевци во Либражд. Во 1946 г. некои семејства се иселиле во Војводина (од Танасовци, Димовци, Секуловци и Аргировци).
Наводи
Надворешни врски
Зрновскоела Категорија:Пустец (општина) Категорија:Македонски населби во Албанија