Иц () — река во сојузните покраини Тирингија и Баварија во Германија.
Должината на реката Иц изнесува 79 километри. Таа претставува десна притока на Мајна.
Течението на Иц започнува во Заксенбрун (Штелцен), Тирингија и тече кон југ преку Бахфелд и Шалкау. Преминува во Баварија и го храни со вода вештачкото езеро Фрошгрундзе. Продолжува да тече низ Дорфлес-Есбах, Кобург и Грошајрат, а потоа се приклучува на Родах северно од Ицгрунд. Продолжува кон југ до Рателсдорф и Баунах, каде што се влева во Мајна.
Итц го поплавила Кобург во почетокот на 2003 година.
Категорија:Реки во Германија Категорија:Реки во Тирингија Категорија:Реки во Баварија Категорија:Кобург