Фолклорот на Русија е фолклор на Русите и на другите етнички групи на Русија .
Корените на рускиот фолклор се во паганските верувања на Старите Словени и истите се застапени во руските сказни. Епските руски билини се исто така важен дел од словенската митологија. Најстарите билини на киевскиот циклус биле запишани главно на север во Русија особено во Карелија каде што бил запишан и поголемиот дел на финскиот национален еп Калевала.
Во доцниот 19 век руските сказни почнале да се преведуваат на англиски јазик - Руски народни сказни (1873) од Вилијам Ралстон и Приказни и легенди од земјата на царот (1890) од Едит Хоџетс.
Многу руски сказни и билини биле адаптирани како анимирани или играни филмови од истакнати режисери како Александар Птушко (Илија Муромец, Садко) и Александар Ру (Морошко, Василиса Прекрасна).
Некои руски поети, меѓу кои и Петар Ершов и Леонид Филатов направиле добри адаптации на класичните руски бајки, а во некои случаи, како оној на Александар Пушкин, создале целосно оригинални сказни со голема популарност. мини|259x259пкс|Дрвена скулптура на словенската божица Мокош(а)
Историја на фолклорот во Русија
Народната традиција на Русија пред христијанството (Пред 987 година) Организацијата на ранословенското општество во голема мера се засновало на мали градови водени од група луѓе, а не од еден водач со силен акцент на семејството Областа за која се тврди дека била татковина на словенските народи се наоѓа некаде околу денешна источна Полска и се смета дека до 19 век, истата била силно пошумена. Природата одиграла важна улога во ранословенската култура.
Ранорускиот предмет на обожавање била "Влажната Мајка Земја" а подоцна можеби поврзана со божеството наречено Мокош чие име значи "влага" и може да има финско потекло. Мокош била божицата на жените, децата и на животните и била обожавана заради нејзината поврзаност со плодноста. Руската почва е генерално премногу слаба за плодно земјоделство. Врнежите се ретки и несоодветно се одвиваат во поголемиот дел од областа а сезоната на раст е релативно кратка. Плодноста и влагата се особено значајни за земјоделството на чиј успех се темелело руското општество особено ако се знае дека во постарите времиња луѓето во овие подрачја повеќе се занимавале со земјоделство отколку со лов или со сточарство и не биле во добри односи со соседните народи за да остваруваат успешна трговија.
Почитта кон предците бил еден од централните аспекти на племенскиот живот и служел како врска помеѓу минатото и идните генерации. Анимизмот бил исто така вообичаено верување а природните и куќните духови играле централна улога во секојдневниот живот. мини|274x274пкс|Русалка, Иван Билибин (1935)
Народната традиција во христијанска Русија (987 - 1917/1922 година) Владимир I (или "Владимир Велики", "Свети Владимир") се преобратил во христијанството во 987 година и го прогласил за државна религија на Киевски Рус. Христијанството веќе било присутно во областа и лесно се раширило. Паганските идоли биле уништени во Киев и Новгород, два града каде што Владимир претходно посветил посебно внимание во воспоставувањето на паганскиот пантеон. И покрај површното искоренување на паганското верување, анимизмот и обожавањето на предците преживеале во ритуалите, приказните, уроците и практиките во селскиот живот. Одредени пагански божества и предмети за обожување биле воведени во редовите на христијанските светци. Некое време паганските празници останале, но биле нарекувани со нови имиња, како што е Денот на Троица, кога селанките оддавале почит на природниот дух русалка, се искажувала почитта кон минатите предци и се практикувале ритуали на гатање. Друг таков празник е денот на Свети Јован, посветен на "гледање на пролетта" и вршење ритуали за да се поттикне пролетта да се врати наскоро. Соживотот на паганските и христијанските верувања во руската култура се нарекува "двојност на религијата" или "двојност на верувањето" и било истакнато во поголемиот дел од руската селска култура.
Одредени пагански ритуали и верувања биле толерирани па дури и поддржани од Црквата. Во овие случаи, обредите биле реинтерпретирани како суштинско христијански. На пример, зимскиот ритуал на постилање сено на подот се поврзува со славењето на раѓањето на Исус на Бадник.
Рускиот фолклор во Советска Русија (1917/1922 - 1991) мини|Русија има долга и разновидна музичка историја |алт=|233x233пкс Фолклористите денес сметаат дека златната ера на фолклорот на Советскиот Сојуз бил во 1920-тите. Новата влада која морала напорите да ги фокусира кон воспоставување на нов административен систем и градење на напредокот на економијата на нацијата не можела да се труди околу контролата на книжевноста, така што проучувањата на фолклорот во овој прпв период напредувале. Во текот на деценијата имало два основни тренда во фолклорното проучување: формалистичка и финска школа. Формализмот се фокусирал на уметничката форма на старите билини и на сказните. Финската школа се интересирала за врските меѓу легендите поврзани со различните региони на Источна Европа. Финските научници собрале споредливи приказни од повеќе локации и ги анализирале нивните сличности и разлики, надевајќи се дека во епските приказни ќе пронајдат миграциски шеми.
Откако Јосиф Сталин дошол на власт и го активирал неговиот прв петгодишен план во 1928 година, советската влада почнала да ги критикува и цензурира фолклорните студии. Сталин и советскиот режим го потиснале фолклорот, верувајќи дека го поддржува стариот царски систем и капиталистичката економија. Тие го гледале како остаток од назадското руско општество што болшевиците работеле да го надминат. За да ги провери проучувањата на фолклорот и да ги спречи несоодветните идеи да се шират меѓу масите, владата го создала РАПП - Руската асоцијација на пролетерски писатели. РАПП посебно се фокусирал на цензурирање на бајките и на детската литература, верувајќи дека фантазиите и "буржоаската бесмисла" го нарушуваат развојот на добрите советски граѓани. Сказните биле отстранети од полиците за книги и децата биле поттикнувани да читаат книги фокусирани на природата и науката. РАПП на крајот го зголемил нивото на цензура и станал Сојуз на советските писатели во 1932 година.
За да продолжат со истражување и анализирање на фолклорот, интелектуалците требале да ја оправдаат неговата вредност за комунистичкиот режим. Во спротивно, збирките со фолклор, заедно со сета друга книжевност која се сметала бескорисна за целите на петгодишниот план на Сталин, би биле неприфатлив домен на проучување. Во 1934 година, Максим Горки одржал говор во Сојузот на советските писатели, тврдејќи дека фолклорот, всушност, може свесно да се користи за промовирање на комунистичките вредности. Покрај изложување на уметничката вредност на фолклорот, тој нагласил дека традиционалните легенди и сказни се ориентирани кон заедницата и би биле добар пример за советскиот граѓанин. Горки објаснил дека фолклорните ликови изразувале високо ниво на оптимизам и затоа можеле да ги поттикнат читателите на позитивно да размислуваат во новиот режим.
Јуриј Соколов, раководител со фолклорниот оддел на Сојузот на советските писатели, исто така, го промовирал проучувањето на фолклорот тврдејќи дека тој првично бил усна традиција на работниците и следствено на тоа можел да се користи за да се мотивираат и инспирираат колективните проекти помеѓу пролетеријатот. Ликовите во традиционалните руски народни приказни честопати биле на патот на самооткривање, процес што ги доведува да се ценат не само како поединци, туку и како неопходен дел од заедничката целина. Ставовите на таквите митски ликови биле блиски со размислувањето кое советската влада сакала да го всади во нејзините граѓани. Тој исто така укажал на постоењето многу приказни кои покажуваат како членови на работната класа ги надминуваат нивните сурови мајстори, со што повторно се докажувал фолклорот како вредност на советската идеологија, на нацијата и на општеството.
Советската влада била убедена од аргументите на Горки и Соколов а Сојузот на советските писатели почнал да собира и да оценува фолклор од целата земја. Сојузот собирал и запишувал приказни кои во нивните очи доволно го промовираат колективниот дух и ги покажуваат придобивките и напредокот на советскиот режим. Потоа продолжиле да се редистрибуираат копии од одобрените приказни низ целата популација. Во меѓувреме, локални фолклорни центри се отворале во сите поголеми градови. Одговорни за застапување на чувството за советскиот национализам, овие организации осигурувале медиумите на систематски начин да ги објавуваат соодветните верзии на руските народни песни.
За време на владеењето на Сталин, освен сказните и белините што ги одобрила владата, автори ги копирале соодветните советски идеологии и пишувале комунистички народни песни. Овие современи народни песни ги комбинираат структурите и мотивите на старите белини со современиот живот во Советскиот Сојуз. Нарекувани новини, овие новокомпонирани приказни се сметаат за ренесанса на рускиот еп. Фолклористите биле повикани да ги научат современите народни луѓе на конвенционалниот стил и структура на традиционалната белина. Тие, исто така, им објасниле на изведувачите за соодветните типови на комунистичка идеологија што треба да бидат претставени во новите приказни и песни.
Бидејќи изведувачите често биле слабо образовани тие требало да добијат темелно разбирање на марксистичката идеологија пред да може да се очекува да им ги пренесат на луѓето на начин што одговара на советската влада. Освен што поминувале низ обемно образование, многу народни изведувачи патувале низ целата нација, со цел да добијат увид во животите на работничката класа и на тој начин да ги кажат своите приказни поефективно. Поради нивната клучна улога во ширењето на комунистичките идеали низ Советскиот Сојуз, на крајот некои од овие изведувачи станале високо ценети членови на советското општество. Голем број од нив, и покрај нивната неписменост, биле избрани за членови на Сојузот на советски писатели.
Овие нови советски сказни и народни песни првенствено се фокусирале на контрастите помеѓу мизерниот живот во старата царска Русија и подобрениот под раководство на Сталин. Нивните ликови претставуваат идентитети за кои советските граѓани треба да се стремат, да ги образложат особините на "новиот советски човек". Хероите на советските приказни требало да прикажат изменета и подобрена верзија на просечниот граѓанин давајќи му на читателот јасна цел за идеалното колективно ориентирано јас. Овие нови народни песни го замениле волшепството со технологијата и натприродните сили на Сталин.
Наместо да добиваат суштински совети од митското битие, протагонистот добивал совет од „сезнајниот Сталин“. Ако ликот го следел божествениот совет на Сталин, тој можел да биде уверен во сите негови напори и целосна трансформација во "Нов Советски Човек". Негативците на овие современи сказни биле неспособните, уназадени капиталисти, додека советските граѓани биле непобедливите херои.
По смртта на Сталин во март 1953 година, фолклористите од тој период брзо ги напуштиле новите народни песни од тој период. Напишани од поединечни автори и изведувачи, новините не потекнуваат од усните традиции на работничката класа. Како резултат на тоа, денес тие се сметаат за псевдофолклор, а не вистински советски (или руски) фолклор. Без никаква вистинска врска со масите, немало причина новината да се смета за ништо друго освен за современа литература.. Името на Сталин е исфрлено од неколкуте преживеани псевдо-народни песни од тој период. Наместо да го сметаат фолклорот под Сталин за ренесанса на традиционалниот руски еп, денес тоа генерално се смета за период на воздржаност и невистини.
Видови мини|250x250пкс| Баба Рога Народни приказни