мини|десно|180п|Симбол на движењето била голема сина буква U со горечка граната и хрватски грб на неа Усташи – Хрватско револуционерно движење (на ) — хрватска ултранационалистичка, фашистичка и терористичка организација, изворно активна од 1930 до 1945 година. Пред Втората светска војна, движењето дејствувало како националистичка и терористичка организација за создавање независна хрватска држава, но по инвазијата на Југославија од Силите на Оската и прогласувањето на Независна Држава Хрватска (НДХ), протекторат на нацистичка Германија и фашистичка Италија, военото крило на организацијата било распоредено во Хрватското домобранство и усташката милиција ().

Идеолошки, движењето е мешавина од хрватски национализам, римокатолицизам и фашизам. Било приврзаник на иредентистичкиот концепт Голема Хрватска, според кој хрватската држава треба да се протега до реката Дрина и да граничи со Белград. Движењето се борело за расно „чиста“ Хрватска, промовирајќи геноцид на српскиот, еврејскиот и ромскиот народ и прогон на антифашисти и хрватски и босански дисиденти. Усташите ги сметале Бошњаците за „Хрвати муслимани“, кои заедно со Хрватите католици се главни етнорелигиозни култури во Хрватска.

Припадниците на движењето се нарекувале усташи. Името потекнува од хрватскиот збор устати (ustati, востане), термин користен уште од 19 век како воен чин во хрватската кралска војска, но и како име за хрватски пешадиски полкови во Првата светска војна. Сличниот збор устаник (ustanik), изведен од устати, значи бунтовник, востаник. Првобитното име на движењето било Усташи – Хрватска револуционерна организација, скратеница УХРО (Ustaša – Hrvatska revolucionarna organizacija, UHRO), но по 1933 година зборот организација е заменет од зборот движење.

Наводи

Категорија:Усташи Категорија:Хрватски национализам Категорија:Хрватска во Втората светска војна Категорија:Фашизам во Југославија Категорија:Политички движења во Југославија