мини|200п|На десниот горен крај е Јордсанд
Јордсанд () — поранешен мал халиг близу севернофризискиот брег во Данска и сместен југоисточно од данскиот остров Реме и источно од германскиот остров Зилт. Островот бил првпат именуван како Хиортсанд („остров на елени“) и веројатно бил поврзан со копното и со островот Зилт. Старото име означува дека имало елени на островот.
Документите од 1231 година го опишуваат островот со површина од 20 км2. Поседувал бројни варфтови (вештачки подигнати ридови). Островот бил уништен од низа плимни бури. Неговата површина во 1807 и во 1843 година била запишана како 40,7 и 18,4 хектари, соодветно. Во 1895 година, бура го уништила последниот варфт и островот бил напуштен и станал птичјо засолниште. Обиди за да се заштите од постојаните поплави биле направени во 1970-тите, но со ограничен успех бидејќи островот не бил заштитен од насип. Големината на островот на крајот се намалила на 2,3 хектари и ненаселениот остров бил конечно уништен во поплава во зимата 1998/99 година. До 1999 година исчезнала целата вегетација на поранешниот остров и Данската агенција за природа го отстранила нивното склониште од поплавеното подрачје.Jordsand Grænseforeningen Во 1999 година, островот бил официјално прогласен за исчезнат.Jordsand JydskeVestkysten, 7 јули 2017.
Денес, областа е песочен брег (højsande), Jordsand FlakJordsand, Den Store Danske слично на Коресанд близу Фане.
Неговото име го носи една од најстарите организации во Германија за животната средина, Verein Jordsand, која е основана во 1907 година.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Хализи Категорија:Поранешни острови во Данска