Бенгалски календар () — месечево-сончев календар кој се користи во областа Бенгал на Индискиот Потконтинент, како национален во Бангладеш и како месен во Индија (сојузните држави Западен Бенгал, Трипура и Асам).
Бенгалската ера се нарекува бенгали самбат (б.с. или BS) или бенгалска година ( бангла сон, бангла сал или бангабда). Нултата година според овој календар почнува во 593/4 г. од нашата ера според грегоријанскиот календар.
Календарот е усвоен како национален календар на Бангладеш во 1987 г., но во преработен облик. Бенгалците во Индија го користат во традиционален облик како верски календар за хиндуистичките празници.
Организација Месеци Месец Бенгалски Денови(Индија) Денови(Бангладешпо 1987 г.) Годишно времеМесец(грегоријански) Месец(санскрит, хиндуистичкивикрамски месечев)бојшак 30,950 31 (гришо)лето април – мајвајшакаџјојшто 31,429 31 мај – јуниџјештаашар 31,638 31 (борша)дождовно/монсунско јуни - јулиашадашрабон 31,463 31 јули - августшраванабадро 31,012 31 (шорот)есен август - септемврибадраашин 30,428 30 септември - октомвриашвинакартик 29,879 30 (хемонто)суво октомври - ноемврикартикаогрохајон 29,475 30 ноември - декемвриаграхајанапоуш 29,310 30 (шет)зима декември - јануарипаушамаг 29,457 30 јануари - февруаримагафалгун 29,841 30 / 31 (бошонто)пролет февруари - мартпалгуначојтро 30,377 30 март - априлчајтра
Денови Бенгалскиот календар има седумдневна седмица како многу други календари. Деновите во седмицата се наречени според божествените небесни тела наречени наваграси ( нобогрохо). Денот почнува и завршува во утрината, за разлика од грегоријанскиот, каде почнува на полноќ.
Се смета дека могулскиот цар Акбар Велики во 1584 г. вовел посебни имиња за секој ден од месецот, но ова се покажало непрактично, па неговиот внук Шах Џахан ја вовел седумдневната седмица со почеток во недела, по пример на грегоријанскиот календар.
Ден Бенгалски Божество / небесно тело Ден(македонски) Ден(санскрит)робибарРоби / СонценеделаравивасарашомбарСом / МесечинапонеделниксомавасарамонголбарМонгол / Марсвторник мангалавасарабудбарБуд / Меркурсреда будавасарабрихошпотибарБрихоспоти / Јупитерчетврток браспативасарашукробарШукро / Венерапеток шукравасарашонибарШони / Сатурнсабота шанивасара
Традиционална наспроти преработена варијанта мини|Двете варијанти на бенгалскиот календар — горе: традиционален западнобенгалски; долу: преработен бангладешки.
Денешниот бенгалски календар во Индија се заснова на санскритскиот спис Сурја сиданта и ги користи старите имиња на месеците. Има големи сличности со хиндуистичкиот календар поради заедничката вероисповед.
Во Бангладеш истиот е преработен во 1966 г. од страна на одбор на чело со Мухамед Шахидула. Решено е првите пет месеци да траат 31, а остатокот по 30 дена (додавајќи му по еден ден на фалгун во престапна година). Овој преработен календар е официјално усвоен од државата во 1987 г.
Поврзано Хиндуистички календар Исламски календар
Наводи
Литература
Надворешни врски Бенгалски календар — официјален портал Страница за бенгалскиот календар според Вишуда сиданта панџика Бенгалски календар: Потекло на бенгалската нова година и чествувањето на Пахала бајшак Претворање на бенгалски датуми
Категорија:Календари Каленадар Категорија:Сончеви календари