Хилда Фиби Хадсон (година, Кембриџ - година, Лондон) е англиска математичарка која работела на алгебарска геометрија, особено на Кремона трансформациите. Хадсон била заинтересирана за врската помеѓу математиката и нејзините верски убедувања.
Живот и работа Во 1900 година Хадсон добила стипендија и влегла во Њунам колеџот на Кембричкиот универзитет, дипломирајќи во 1903 година, станувајќи 7-ма еднаква помеѓу првокласните студенти. По една година понатамошно студирање на Берлинскиот универзитет, таа се вратила во Њунам во 1905 година, прво како предавач по математика, а подоцна и како придружен истражувачки соработник. Тринити Даблин колеџот и доделил ad eundam МА, а подоцна и ДСц, во 1906 и 1913 година, соодветно.Hudson, Hilda Phoebe in Oxford Dictionary of National Biography
Таа била поканет говорник на Меѓународниот конгрес на математичарите во 1912 година во Кембриџ, Обединето Кралство. Таа ја поминала академската 1912-1913 година во Брин Маор, во САД, а годините 1913-1917 назад во Англија, овој пат како предавач во Вест Хем техничкиот институт. Таа се приклучила на под одделот на Министерствоо за воздухопловство, преземајќи го воздухопловното инженерско истражување во 1917 година, каде што применила пионерска работа во апликацијата за математичкото моделирање на дизајнот на авионот. Била назначена за ОБЕ во 1919 година. Како истакната математичарка таа била една од неколкуте жени од нејзиното време, која работела во советот на Лондонското математичко друштво.
Поголем дел од Хадсоновите чисто математички истражувања се занимавале со површините и рамните кривини, а нејзин посебен интерес биле Кремона трансформациите. Нејзината монографија од 1916 година, Линијар и компаси била добро прифатена како "добредојден прилог на литературата, за границата помеѓу елементарната и напредната математика".Review of Ruler and Compasses , 1916 Нејзината студија на 454 страни од 1927 година ја проучува Кремона трансформацијата во рамнина и простор, се смета за нејзин magnum opus (уметничко дело).
Книги
Ruler and Compasses, првпат објавена како монографија (Лонгманова модерна математичка серија, 1916), а потоа се вклучила во колекцијата Квадратура на кругот и други монографии (Челзи н.д.) Cremona Transformations in Plane and Space, Кембриџ универзитетски печат, 1927.
Наводи
Надворешни врски
A list of her papers can be found at Biographies of Women Mathematicians: Hilda Phoebe Hudson
Категорија:Англиски математичари Категорија:Луѓе од Кембриџ Категорија:Математичарки