Тоде Ивановски (, - , ) — македонски сликар Значајни личности за Битола, 2007

Животопис Ивановски е роден во Неготино во 1924 година, а од 1925 година живеел, се образувал и творел во Битола. Бил член на СКОЈ и како таков се вклучил во НОБ во октомври 1941. Бил припадник на Втората македонска бригада. Учествувал во Февруарскиот поход. За постигањата во текот на НОБ Ивановски бил одликуван со Орден за храброст. Тоде Ивановски бил надарен цртач и сликар и по завршувањето на војната добил заслужено место во новото време, но за време на Информбирото, се замерил со тогашните власти и бил ставен на маргинитеПоследен збор...Тоде Ивановски на семрежното место на Утрински весник.

Во младоста бил активен спортист, фудбалер на ФК Работник, а познат бил и како пејач-шансониер.

Во 2004 година, Завод и галерија од Битола, ја издала книгата „Тоде Ивановски: живот и дело“Тоде Ивановски: живот и дело на семрежното место на Гугл букс

Творештво

Творештвото на Тоде Ивановски е инспирирано од НОБ и од неговите соборци кои верувале во револуцијата и моќта на хуманоста.

Првпат излагал свои творби во с. Зборско во март 1944 година, цртежи од НОБ за ѕидниот весник на Втората македонска ударна бригада. Негови цртежи се објавувани во многу дневни листови како и на групни и самостојни изложби во сите градови низ Република Македонија. Во 1962 година била објавена неговата мапа цртежи од НОБ „Пламенот наш“ која се наоѓа во голем број светски културни метрополи: Ермитаж (Санкт Петербург, Третјаковска галерија (Москва), Национална галерија во Лондон,Художествена академија (Софија), Конгресна библиотека (Вашингтон), Варшава, Прага, Берлин и низ поглавните градови на поранешна СФРЈ.

Покрај сликите и цртежите, Тоде Ивановски исто така издал и една збирка раскази со наслов „Црвениот виор“, издадена од НИК Наша книга во 1970 годинаЦрвениот виор, Тоде Ивановски на семрежното место на Гугл букс

Награди Орден за храброст, за постигања во текот на НОБ Награда „4 Ноември“ за животно дело (2002) Награда „4 Ноември“ за едногодишно остварување (1960, 1962, 1965)

Наводи

Надворешни врски Тоде Ивановски, изложба Документарна емисија за Тоде Ивановски, Македонска телевизија (1985 година)

Категорија:Македонски сликари Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Добитници на наградата „4 Ноември“