Боро Ацевски-Пашата ( во — во ) — македонски сликар и иконограф. Сликарство учел кај Димитрија Папрадишки.

Покрај со сликарство, учел и соло-пеење кај С. Зикова и П. Холотков.

Животопис

На почетокот на Втората светска војна (1941) се приклучил кон народноослободителната борба. Во 1943 година како партизан бил еден од основачите на КУД „Кочо Рацин“ во селото Горно Врановци.

Ацевски бил член на Операта и Балетот на Македонскиот народен театар (1948-1951), каде што исполнувал помали тенорски улоги. Имал своја улога и во првата македонска опера Гоце.

Наводи

Категорија:Родени во 1914 година Категорија:Починати во 1959 година Категорија:Македонски сликари