Владимир Бороевиќ ( во ) — македонски дизајнер, карикатурист и сликар.
Животопис
Дипломирал на Вишата педагошка академија во Скопје во 1972 година.
Во текот на кариерата, Бороевиќ бил графички уредник во списанието „Остен“, сценограф во Вардар филм во Скопје и раководител на Студиото за дизајн и пропаганда во Јака 80 во Радовиш.
Самостојно излагал слики во Скопје, Валево, Нови Сад и Битола.
Учествувал на меѓународни фестивали за карикатура на кои добил повеќе значајни награди: Гран при во Скопје во 1973 година и Гран при во Истанбул во 1977 и во 1990 година.
Наводи
Категорија:Родени во 1947 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Македонски дизајнери Категорија:Македонски карикатуристи Категорија:Македонски сликари