Ејлат (хебрејски: אֵילַת) е град во Израел. Ејлат е дел од Јужниот округ и пустината Негев и воедно е најјужен град во Израел. Ејлат е пристаништен град на брегот на Црвеното Море, поточно на Акапскиот Залив. Градот е популарно туристичко одредиште за домашни и странски туристи поради убавите плажи. коралните гребени, ноќниот живот и пустинскиот пејзаж.
Според податоците од 2017 година, градот имал население од 50,724 жители. Градот е скоро споен со египетското село Таба на југ, јорданскиот град Акаба на исток и има релативна видлива блискост со Саудиска Арабија. Околината на градот има пустинска клима, топло море и 360 сончеви денови во текот на годината.Discovering the World of the Bible, LaMar C. Berrett, (Cedar Fort 1996), page 204
Име Името на Ејлат се спомнува и во Стариот завет, но потеклото не е јасно дефинирано. Тоа најверојатно потекнува од хебрејскиот корен A–Y–L (), што исто така е корен на зборот Елах (), што значи „ф'стак“.
Демографија
Огромно мнозинство од населението се Евреи. Арапите се само 4% од населението.http://jiis-jerusalem-eng.blogspot.com/2013/11/mixed-cities-in-israel.html Населението на Ејлат вклучува и голем број странски жители, и нивната бројка се проценува на околу 10.000 жители. Во 2007 година во градот пристигнале околу 200 судански бегалци во Ејлат кои биле прифатени и добиле дозвола за престој.
Збратимени градови Ејлат е збратимен со:
Панорамски поглед
Поврзано Јужен округ Негев
Наводи
Надворешни врски Службено туристичко мрежно место Службено мрежно место Преминување на израелско-јорданската граница Туризам во Ејлат Слики за Ејлат Туристички водич за Ејлат
Категорија:Јужен округ (Израел) Категорија:Градови во Израел Категорија:Населени места основани во 1951 година