Мурат Бафтијари (албанскиː Murat Baftijari; , Вејце - , Беличица) — македонски партизан.Здравко Савески, Мариглен Демири; НАЦИОНАЛИЗМОТ ВО(Н) КОНТЕКСТ -Соработката на Албанците и Македонците од Илинденското востание до Народноослободителната војна, Левичарско движење Солидарност, Скопје, 2014

Животопис Бафтијари е роден во 1918 година во тетовското село Вејце. Бил сиромашен земјоделец. Неговото семејство од 1943 година, активно ја помагало народноослободителната борба. Во близина на неговото село била базата на тетовските партизани. Бафтијари, заедно со група свои соселани особено се истакнувал во снабдувањето со храна на Вториот и Третиот тетовски партизански одред, како и во вршењето курирски задачи меѓу партизанската база и комунистичката партиска организација во Тетово. Во почетокот на септември му пристапил на Третиот тетовски одред. Беличица била неговата прва и последна битка. Починал на 19 септември 1944 година. Убиен бил од страна на балистичките банди. Неговиот труп најпрво го газеле и плукале, скокале врз него, го удирале со камења, потоа со ножеви му го касапеле телото, дел по дел, за најпосле во веќе мртвото тело да испукаат цел куп куршуми. Во Тетово, една улица го носи неговото име.

Наводи

Поврзано НОБ

Категорија:Луѓе од Вејце Категорија:Македонски Албанци Категорија:Учесници во НОБ