За другите значења на поимот видете ја страницата за појаснување.
Битолски триод – македонски роман напишан од Владимир Костов. Романот за прв пат бил издаден во 1994 година, а второто издание го доживеал во 2017 година во едицијата „Современа македонска проза“ на издавачката куќа „Силсонс“.Битолски триод од Владимир Костов на семрежната страница на Daily Macedonia.
Содржина
На страниците на овој роман дадена е панорама на Битола во виорот на Првата светска војна. Артилеријата на Централните сили, предводена од германската војска, вкопана на пелистерските падини, деноноќно го бомбардирала градот цели две години. Притоа биле употребени и бојни отрови, населението било десеткувано, а градот скоро целосно разурнат.
Наводи
Поврзано Владимир Костов Македонска книжевност
Надворешни врски Битолски триод (извдок) на семрежното место на Лектира
Категорија:Владимир Костов Категорија:Македонски романи Категорија:Романи кои се одвиваат во Македонија Категорија:Дела на Владимир Костов Категорија:Изданија на Силсонс Категорија:Книги за Битола