Свети Никола — црква во селото Беловодица. Сместена е во југоисточниот дел од селото, на височина која и овозможува доминантна положба во однос на остатокот од селото.
Историја Црквата била изградена и живописана во 1885 година.„Црква „Свети Никола“, село Беловодица “. OldPrilep. 17 април 2012.
Архитектура Градбата на црквата претставува трикорабен храм со полукружна апсида на источната страна која е украсена со пет слепи ниши. Црквата содржи галерија на кат која се наоѓа во западниот дел. Влезот е од западната страна и над него има ниша со фреска на која е насликан Свети Никола.
Многу од иконите во црквата се дело на мајсторот Ефтим Спасов. Иконата на Богородица со димензии 92 × 63 см е потпишана со натписот „Из руки го Ефтим Спасовичъ Зографъ от Гари 1885“.
Во дворот на црквата се сместени камбанаријата, помошен објект и селските гробишта. Камбанаријата е сместена непосредно пред влезот на црквата од десната страна. Таа има квадратна основа и се состои од два дела, од кои горниот има незначително помала основа. Обата дела имаат по еден залачен отвор на секоја страна.
Галерија
Поврзано Беловодица Преспанско-пелагониска епархија Прилепско архијерејско намесништво Плетварско-беловодичка парохија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Беловодица Беловодица Категорија:Дела на Дебарската школа