мини|десно|250п|Потпис на Иван Хаџи Николов Иван Хаџи Николов (, Кукуш – , Софија) — македонски револуционер, општественик, книжар, трговец и еден од основачите на Македонската револуционерна организација.

Животопис

Потекло и школување

Хаџи Николов е роден на 24 декември 1861 г. во Кукуш, Егејска Македонија.

Во Кукуш завршил егзархиско класно училиште, а во 1888 г. — трговска академија во Линц, Австрија.

Првите револуционерни копнежи мини|десно|Иван Хаџи Николов во 1912 или 1913 г. Под влијание на политичките настани, од втората половина на 1870-тите, на Балканскиот Полуостров, кај Хаџи Николов се јавило едно револуционерно настроение и тој со неколки свој другари намислил да формира една револуционерна организација со цел да се орагнизира едно востание во Македонија и да се отфрли османлиската власт.

Меѓутоа откако ги рабрале одлуките од Берлинскиот конгрес решиле да се откажат од револуционерната идеја и да почекаат подобри времиња. Самиот Хаџи Николов истакнува:

Меѓутоа Хаџи Николов не се откажал од своите идеалии. Во почетокот на 90 години на 19 век се нашол во Софија и зел учество во формирањето и дејствувањето на Младата македонска книжевна дружина и списанието Лоза, но поради македонските национални идеали , ММКД била растурена од страна на бугарските власти, а Лоза била забранета. Но набргу Хаџи Николов се нашол во Солун.

Учител

Меѓу 1879-1892 г. бил учител во Костенец, а по поканата на Кузман Шапкарев, се вратил во Македонија и учителствувал во Воден, Кукуш, Лерин и Солун. ОД 1888 до 1892 г. предавал аритметика и сметководство во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“

Во 1893 г. бил принуден да се откаже од професијата. Во Солун отворил своја книжарница.

Книжар

На 11 септември 1893 отворил книжарница во Солун. Неговата книжарницата издавала различни учебници, уметничка литература и друго, делата биле печатени главно во Бугарија, но и во Солун, во грчката печатница на Ираклидис, но и со бугарско т.е словенско одделение. Самиот Хаџи Николов за својата книжара вели:

Книжарницата на Хаџи Николов станала една од првите револуционерни жаришта во Солун и преку неа агитирал меѓу учителите и учениците и придонесувал да се шири револуционерната идеја.

Основање на Македонската револуционерна организација

мини|десно|300п|Споменик на основачите на МРО во Скопје На 21.10/2.11. 1893 г. покрај солунскиот брег се сретнале Даме Груев, Иван Хаџи Николов и Андон Димитров, притоа тие разговарале за ослободување на Македонија. Паднал предлогот тие тројца да формираат револуционерна организација. И. Х. Николов понудил во основањето да учествуваат и Петар Поп Арсов, Христо Татарчев и Христо Батанџиев.

Се договорил за два дена да имаат нова средба. Била договорена средбата на која била формирана: МРО (Македонска револуционерна организација). Состанокот се одржал во сабота навечер на 23.10/4.11.1893 г., во станот на Христо Батанџиев.

На овој состанок присуствувале Д-р Христо Татарчев – лекар, родум од Ресен, Даме Груев – учител, родум од с. Смилево - Битолско, Петар Поп Арсов – учител, родум од с. Богомила - Велешко, Иван Хаџи Николов – книжар во Солун, родум од Кукуш, Антон Димитров – учител, родум од с. Ајватово - Солунско и секако домаќинот Христо Батанџиев – учител, родум од с. Гуменџе, Ениџе Вардарско<ref>Л. Милетич, Първият централен комитет на ВМОРО, Спомени на д-р Христо Татарчев София, 1928, страница 100.</ref>.

Едногласно се согласиле да се формира револуционерна организација. Според И. Х. Николов тогаш биле прифатени следните начела:

Со тоа биле поставено темелите на револуционерната организација. Во текот на Јануарската средба за претседател бил избран Христо Татарчев и Даме Груев за секретар, а било одлучено Хаџи Николов во отсутсво на Татарчев да го зазема неговото место.

Меѓу другото на оваа средба му била доверена задача на Петар Поп Арсов да напише една брошура под името Стамболовштината во Македонија и нејзините претставници Вардарски (Петар Поп Арсов), „Стамболовштината во Македонија и нејзините претставници“, превод, редакција, коментар и предговор д-р Ванчо Ѓорѓиев, Табернакул, Скопје 2006, а од самата брошурата се дознава ставот на Организацијата кон бугарската пропаганда, а воедно и борбата која Организацијата ја започнала против таквата дејност .

Хаџи Николов брошурата ја испечатил во Софија по што таа била растурена низ Македонија и меѓу Македонската емиграција во Бугарија. Во понатамошната дејност Хаџи Николов продолжил да агитира преку својата книжара, но наишол на пречки за овие случувања самиот тој вели дека:

Меѓутоа и покрај таквите пречки Хаџи Николов ја продолжил својата револуционерна дејност како член на Централниот комитет и како таков учествува на Солунскиот конгрес од 1896 г.

Солунска афера

мини|десно|250п|Расписка на Пере Тошев, Христо Матов и Иван Хаџи Николов. На 23 јануари 1901 г. (стар стил) започнала Солунската афера. Таа ноќ турските власти ги уапсила Милан Михајлов, Александар Ников и Кочо Георгиев - Карловалијата поради нарушување на јавниот ред околу Вардарската капија Pierre d’ Espagnat - Avant le massacre (Roman de la Macedoine actuelle) - Македония - политическо и научно литературно списание г. I кн. VII, София, 1922.

По нивното апсење турските власти започнале со претреси и апсења кој се прошириле во поголемиот дел на Солунскиот вилает во текот на аферата биле уапсени голем број на лица, a последен на слобода од Централниот комитет останал Иван Хаџи Николов. Тој очекувајќи го своето апсење и опседнат со мислата дека се пропаѓа ги повикал Иван Гарванов и Спас Мартин и им го соопштил начинот на комуникација со внатрешноста и Врховниот комитет.

На втората средба тие решиле да издадаат 5 бланко потврди за офицерите во случај на евентуално кревање на востание, а овие потврди во Софија ги однел Софрониј Стојанов.

Во овој момент на очај, Иван Х. Николов Централниот комитет го предала на идејните противници на Организацијата, односно на членовите на поранешното Револуционерно братство.

Подоцна Хаџи Николов пред Татарчев се правдал дека на Иван Гарванов, Спас Мартин и Димитар Мирчев им ги предал само печатот на ЦК, шифрите и списоците и дека Спас Мартин го задолжил да им пише на задграничните претставници во смисла: Држете ја вие од таму здраво ситуацијата Д-р, Христо Татарчев, Вътрешна македоно-одринска революционна организация като мит или реалност, Цочо Биљарски и Валентин Китанов, София, 1995.

Меѓутоа Хаџи Николов веројатно ја разбрал својата грешка и поради грижа на совест посегнал по својот живот односно си ја пресекол радијалната артерија и поради тоа подолго време се нашол во болница Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително дело во Солунскиот вилает 1893 - 1903 г., Скопје, Институт за историја - Филозофски факултет.

На 7 мај 1901 г. Хаџи Николов бил осуден на доживотен затвор. Поради пренатрупаност во солунскот затвор на 6 јули 1901 г., Хаџи Николов зедно со 38 затвореници, меѓу кој биле Христо Матов, Христо Татарчев, Пере Тошев и др., во придружба на 20 џандари под придружба на еден поручник, бил спроведен до паробродот Марија во сопственост на претпријатието Хаџи Даут и испратен за Подрум Кале каде требало да ја издржува својата казна зедно со своите другари.

Подоцнежна дејност

Во Подрум кале останал до август 1902 г. Во почетокот на септември пристига во Солун и учествува на состанкотот на кој биле разгледани случувањата во Македонија, на оваа средба според Татарчев било решено да му се пренесе на Врховниот комитет да не ги форсира настаните за востание во Македонија.

По оваа средба Хаџи Николов заминал за Софија, а таму учествувал во советувањата по прашањето за востание во Македонија. Меѓутоа по Солунската афера и враќањето од затвор Хаџи Николов го немал она поранешно значење во Организацијата и потиснат од младиот револуционерен кадар постепено се повлекол од учеството во македонското револуционерно дело.

Во Софија продолжил да се занимава со книжартсво и издавачка дејност. Во тој период ги напишал своите Спомени, а неговите публикации биле вметнати во алманахот „Македонија“ на Илинденската организација под псевдонимот Основач. Спомените на Хаџи Николов се објавени во периодот меѓу 1935-1937 од страна на Христо Шалдев во списанието Илустрација Илинден.

До крајот на својот живот живеел во Софија. Бил тешко заболен и душевно растроен и самоубил на 9 јули 1934 г.Енциклопедия Пирински край. Том 2, Благоевград, 1999, стр. 370-371.Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр.177.Парижков, Петър. Революционерът-книжар Иван Хаджиниколов. - Во: "Възрожденски книжари", София, 1980, стр.255-259. Каква била неговата духовна состојба дознваме од самиот Хаџи Николов кој вели:

Мисли на Хаџи Николов

За детството

Револуционерни копнежи

Принципи за основање на една револуционерна организација

За егзархистите

Основање на ВМРО

Историски погледи

Историчарите ја истакнуваат неговата улога за развојот на македонскиот народ и го сметат за еден од првите втемелувачи на македонската државност, односно за втемелувач на идејата за создавање на самостојна македонска држава.

Белешки

Извори

Литертаура Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително движење во Солунскиот вилает 1893 - 1903 година, Табернакул, Институт за историја - Филозовски факултет, Скопје, 2003МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ, МАКЕДОНСКА ЕНЦИКЛОПЕДИЈА, СКОПЈЕ 2009''

Надворешни врски Спомени на Иван Хаџи Николов на ВМРО-историја

Категорија:Дејци на ВМОРО Категорија:Дејци на ВМРО Категорија:Македонски општественици Категорија:Основачи на МРО Категорија:Македонски преселници во Софија Категорија:Погребани на Централните софиски гробишта Категорија:Родени во 1869 година Категорија:Македонски книжари Категорија:Македонски револуционери Категорија:Самоубијци Категорија:Македонски стопанственици