Слободната импровизација е музичка импровизација без никакви правила освен желбите и склоноста на музичарите кои ја изведуваат. Овој назив може да се однесува и на одредена техника на изведба и како име на конкретен музички жанр.

Слободната импровизација како музички жанр се развила и произлегла од фри-џезот и современата класична музика во САД и Европа во средината на 1960-тите години. Нејзини претставници се саксофонистите Еван Паркер, Ентони Брекстон, Петер Брецман и Џон Зорн, гитаристите Дерек Бејли, Хенри Кајзер и Фред Фрит и импровизирачките групи Spontaneous Music Ensemble, The Music Improvisation Company, Art Ensemble of Chicago и AMM.

Категорија:Музика Категорија:Музички жанрови