мини|десно|300п|Карта на Азија-Тихоокеанија. Со темнозелено е главнината на азиско-тихоокеанските земји, а со светлозелено се обележани понекогаш опфатените подрачја.

Азија-Тихоокеанија или Азија-Пацифик — дел од светот во подрачјето на западниот Тихи Океан и околу него. Опфатот на овој географски поим зависи од контекстот, но начелно подразбира голем дел од Источна, Јужна и Југоисточна Азија, како и Океанија.

Поимот понекогаш ги опфаќа и најисточните приморски делови на Русија (Северна Тихоокеанија) и земјите во Америка кои излегуваат на источниот Тихи Океан; на пример, во организацдијата за Азиско-тихоокеанска економска соработка членуваат Канада, Чиле, Русија, Мексико, Перу и САД. Во друга смисла, под поимот се подразбира речиси цела Азија и Австралазија како и тихоокеанските островски држави (Азија-Тихоокеанија и австралискиот континент), особено во стопанско-трговски контекст.Member Economies - Asia-Pacific Economic Cooperation . Apec.org. . Исклучок од ова е Западна Азија, која никогаш не се вбројува во ова подрачје.

Иако не е сосема уточнет, поимот добил на значење во трговијата, финансиите и политиката почнуваќи од крајот на 1980-тите. И покрај разнообразноста на стопанствата во подрачјето, највеќето поединечни земји во Азија-Тихоокеанија важат за брзорастечки пазари.

Составни подрачја Во склоп на Азија-Тихоокеанија влегуваат следниве земји и територии:

Азија Источна Азија

Југоисточна Азија

Јужна Азија

Средна Азија

Западна Азија

Океанија Австралазија

Меланезија

Микронезија Вејк

Полинезија

Податоци за земјите и териториите Земја / Територија Површина(км²) Население Густина(жит/км²) БДП долари (2017) БДП по жителдолари (2017) Главен град 7.692.024 23.731.000 2,8 1.482.539 49.928Канбера 147.570 156.594.962 1.033,5 205.715 1.359Дака БИОТ 54.400 3.000 58,3 — —Диего Гарсија 5.765 415.717 67,3 17.426 26.939Бандар Сери Бегаван 38.394 742.737 18,0 6.384 2.804Тимбу 331.210 88.069.000 265 187.848 2.186Ханој 3.287.263 1.324.171.354 398,8 2.690.000 1.939Њу Делхи 1.904.569 252.164.800 124,66 856.066 3.570Џакарта 14.874 1.171.000 76 4.510 1.162Дили 181.035 15.205.539 81,8 16.899 1.270Пном Пен 9.596.961 1.357.380.000 145 10.355.350 8.123Пекинг 377.944 126.434.964 337 4.769.804 38.894Токио 120.540 24.895.000 198 27.820 583Пјонгјанг 100.210 51.302.044 500 1.449.494 27.539Сеул 236.800 6.320.000 27 11.707 2.353Виентијан 29 541.200 18.662 36.428 73.187Макао 298 341.356 1.102,5 4.920 8.602Мале 329.847 30.185.787 90 336.913 9.503Куала Лумпур 676.578 50.496.000 74 65.291 1.275Непјидо 1.564.116 2.736.800 2 11.725 3.686Улан Батор 147.181 26.494.504 180 62.384 730Катманду 268.021 4.357.437 16 201.028 39.427Велингтон 803.940 226.174.380 234,4 269.971 1.468Исламабад 462.840 6.732.000 15 16.096 2.183Порт Морсби 710 5.183.700 7.023 307.085 52.961Сингапур 36.191 23.119.772 639 505.452 31.900Тајпеј 513.120 67.764.000 132 380.491 5.908Бангкок 1.104 7.234.800 6.544 292.677 43.681Хонгконг 343.448 307 289.686 2.951Манила 18.274 909.389 46,4 8.330 5.153Сува 65.610 20.277.597 323 233.637 3.835Коломбо

Поврзано Географија на Азија Географија на Океанија Азиско-тихоокеанска економска соработка (APEC) Азиско-тихоокеански форум Индо-Тихоокеанија Источен свет

Наводи

Надворешни врски Азиско-тихоокеанска економска соработка APEC Азиско-тихоокеанска задолжбина на Канада Мрежа на азиско-тихоокеанската домородна младина (APIYN)

Категорија:Географија на Азија Категорија:Географија на Океанија Категорија:Региони во Азија Категорија:Региони во Океанија