|мини|250п|десно|Поглед на Преспанскиот крст
Преспански крст — крст сместен на рид над селото Подмочани, во областа Преспа. Околу крстот се наоѓа уреден простор, а самиот крст всушност е само дел од поголем комплекс, во кој влегува и новоизградената црква „Св. Петар и Павле“ во Подмочани.
Крстот бил подигнат во 2000 година од страна на дарители, мештани и иселеници.
Местоположба
Крстот е подигнат на ридот Горица, што се наоѓа над селото Подмочани, од каде се пружа одличен поглед на Преспанската Котлина и на Преспанското Езеро.
Градба
Преспанскиот крст е висок 30 и широк 30 метри. Осветлен е со 14 рефлектори и се гледа од сите страни на Преспа.
Изградбата на крстот, но и на целиот комплекс, чинела стотици илјади американски долари.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Подмочани