мини|Владимир Путин 18 февруари 2008 година Лауреус - меѓународна спортска награда што ја доделува Академијата Лауреус.

За наградата Наградата „Лауреус“ се доделува од 2000 година. Таа е една од најпрестижните спортски награди и често ја споредуваат со наградата „Оскар“. Добитниците на наградата ги бира жири-комисија составена од спортските легенди. Притоа, наградата се доделува во неколку категории: најдобар спортист, најдобра спортистка, најдобра екипа, „пробив на годината“, враќање на годината, најдобар спортист со инвалидитет, награда за придонес кон спортот итн. Инаку, наградата се доделува на почетокот на секоја година, а се однесува на претходната година.Официјално мрежно место на Ѓоковиќ, „Noletu četvrti put „Laureus“ nagrada za sportistu godine“ (пристапено на 19.2.2019)

Добитници на наградата Наградата „Лауреус“ за најдобар спортист на светот ја добиле:Официјално мрежно место на Ѓоковиќ, „Noletu četvrti put „Laureus“ nagrada za sportistu godine“ (пристапено на 19.2.2019) 2019. Новак Ѓоковиќ (тенис) 2018. Роџер Федерер (тенис) 2017. Усаин Болт (атлетика) 2016. Новак Ѓоковиќ (тенис) 2015. Новак Ѓоковиќ (тенис) 2014. Себастијан Фетел (формула 1) 2013. Усаин Болт (атлетика) 2012. Новак Ѓоковиќ (тенис) 2011. Рафел Надал (тенис) 2010. Усаин Болт (атлетика) 2009. Усаин Болт (атлетика) 2008. Роџер Федерер (тенис) 2007. Роџер Федерер (тенис) 2006. Роџер Федерер (тенис) 2005. Роџер Федерер (тенис) 2004. Михаел Шумахер (формула 1) 2003. Ленс Армстронг (велосипедизам) 2002. Михаел Шумахер (формула 1) 2001. Тајгер Вудс (голф) 2000. Тајгер Вудс (голф)

Наводи

Категорија:Спортски награди