Прељупски манастир — понов манастир во долнопреспанското село Прељубје. Комплексот е сместен во самото истоимено село, на падините на Галичица.
Местоположба
Манастирот се наоѓа во самото село, на местоположба од каде се гледа целата Преспанска Котлина.
Црква
Црквата била обновена во 1999 година, како што е наведено на плочата поставена на црквата. Истата била обновена од страна на ктиторот Пеце Ѓурковски, кој потекнува од селото, но живее и работи во Франкфурт, Германија.
Даб
Селото, но и самиот манастир, има свој симбол, а тоа е седумвековниот даб. Жителите со поставената потпора на стеблото на дабот го спасиле.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Прељубје Категорија:Манастири во Македонија Категорија:Манастири во Преспанско-пелагониската епархија