Тијаго Абиола Делфим Алмеида Илори (роден на 26 февруари 1993 во Хампстед) — португалски фудбалер, играч од одбраната на Спортинг Лисабон.

Животопис Роден е во Хампстед, Лондон, од татко британец со нигериско потекло и мајка португалка. Своето детство го поминал во градот Албуфеира, каде започнал да игра фудбал.

Клупска кариера Својата фудбалска кариера ја започнал во екипата на Спортинг Лисабон на која и се приклучил во младинските категории во 2006 година. Своето деби за првиот тим на Спортинг го направил на 6 ноември 2011, играјќи ги комплетните 90 минути во победата со 3-1 на домашен терен над Леирија во Примеира лига.Liga round-up: Sporting close gap ; PortuGOAL, 6 November 2011 На 14 декември, го одиграл својот прв натпревар во Лигата на Европа, во поразот со 2-0 од на Олимпико.Clinical Lazio through after Sporting triumph; UEFA, 14 December 2011 Во својот четврти настап за Спортинг, Илори го постигнал првиот погодок за клубот во победата со 3-2 над Жил Висенте.Young Lions prevail in Barcelos ; PortuGOAL, 16 February 2013

На 2 септември 2013, Илори потпишал за Ливерпул во трансфер вреден 7 милиони фунти.

Откако не одиграл ниту еден натпревар за Ливерпул во првиот дел од сезоната, тој бил позајмен на Гранада до крајот на сезоната 2013-2014. Своето деби за андалусијците го направил во поразот со 1-0 на гостувањето кај Еспањол на 7 февруари 2014. Во следниот натпревар тој му асистирал на Пити за единствениот гол во победата над Реал Бетис.

Следната сезона бил проследен на нова позајмица, овојпат во Бордо. За франускиот клуб одиграл 12 натпревари и постигнал еден гол во ремито 1-1 против Сент Етјен.

За сезоната 2015-2016, бил позајмен во Астон Вила до крајот на сезоната, но откако не одиграл ниту еден натпревар за клубот заемот бил прекинат во јануари 2016 и тој се вратил во Ливерпул. Следниот ден по враќањето во Ливерпул, тој го одиграл својот единствен натпрвар за "црвените" од Енфилд против Ексетер Сити во ФА Купот.

На 18 јануари 2017, Илори потпишал за клубот од Чемпионшип лигата, , за сума од без малку 4 милиони фунти. Своето деби за кралските поданици го направил три дена подоцна, во поразот со 3-2 на гостувањето кај . Тој одиграл вкупно 8 натпревари за клубот во сезоната 2017-2018, и бил во тимот на Рединг кој го играл финалето на плејофот за промоција во Премиер лигата на 29 мај, во кое загубиле од по изведување на пенали. Својот прв погодок за Рединг го постигнал на 15 септември 2018, во гостинската победа со 3-2 над Престон Норт Енд. Вкупно за Рединг во две и пол сезони одиграл 64 натпревари и постигнал 1 гол.

На 29 јануари 2019, Илори се вратил во Спортинг Лисабон по 5 и пол години, потпишувајќи четири и пол годишен договор со клубот.

Репрезентативна кариера Илори играл за португалската репрезентација на четири различни нивоа, претставувајќи ја својата земја на Европско првенство за играчи под 19 години 2012, Светското првенство за играчи под 20 години 2013, Турнирот во Тулон во 2013 и Европско првенство за играчи под 21 година 2015. Тој сè уште има право да игра за Португалија, Англија или Нигерија на сениорско ниво.

Клупска статистика Статистката е ажурирана на 20 мај 2018.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2011-2012 Спортинг Лисабон ПЛ 1 0 КП+ЛКП 0+0 0 ЛЕ 1 0 - - - 2 0 2012-2013 ПЛ 11 1 КП+ЛКП 0+0 0 ЛЕ 1 0 - - - 12 1 авг. 2013-2014 Ливерпул ПЛ 0 0 ФАКуп+ЛК 0+0 0 - - - - - - 0 0 2013-2014 Гранада ПД 9 0 КШ - - - - - - - - 9 0 2014-2015 Бордо ПД 12 1 КФ+ЛКФ 2+1 0 - - - - - - 15 1 2015-јан. 2016 Астон Вила ПЛ 0 0 ЛК 0 0 - - - - - - 0 0 јан. - јун. 2016 Ливерпул ПЛ 0 0 ФАКуп+ЛК 3+0 0 ЛЕ 0 0 - - - 3 0 2016- јан. 2017 ПЛ 0 0 ФАКуп+ЛК 0+0 0 - - - - - - 0 0Вкупно Ливерпул 0 0 3 0 0 0 - - 3 0 јан. - јун. 2017 ЧЛ 5+33 настапи во плејофот. 0 - - - - - - - - - 8 0 2017-2018 ЧЛ 29 0 ФАКуп+ЛК 3+2 0 - - - - - - 34 0 2018-2019 ЧЛ 19 1 ФАКуп+ЛК 1+2 0 - - - - - - 22 1Вкупно Рединг 56 1 8 0 - - - - 64 1 јан. - јун. 2019 Спортинг Лисабон ПЛ 3 0 КП 1 0 ЛЕ 1 0 - - - 5 0Вкупно Спортинг Лисабон 15 1 1 0 3 0 - - 19 1Вкупно во кариерата 92 3 15 0 3 0 - - 110 3

Наводи

Надворешни врски

Тијаго Илори на soccerway Тијаго Илори на transfermakt Тијаго Илори на espn Тијаго Илори на whoscored

Категорија:Португалски фудбалери Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Фудбалери на ФК Спортинг Лисабон Категорија:Фудбалери на ФК Ливерпул Категорија:Фудбалери на ФК Бордо Категорија:Фудбалери на ФК Астон Вила Категорија:Фудбалери на ФК Рединг Категорија:Родени во 1993 година