Гоце – првата македонска опера, компонирана од Кирил Македонски по либрето на Венко Марковски. Операта била премиерно изведена на 24 мај 1954 година на сцената на Операта на Македонскиот народен театар.

Изведбата била под диригентската палка на Тодор Скаловски, режисер бил Петре Прличко.

Улоги Гоце - Данчо Митровски Јана - Зина Креља Стојна - Калина Милошевска Огне - Јордан Тодоровски Тефик-бег - Боро Ацевски

Наводи

Надворешни врски Првата опера - „Гоце“ од К. Македонски критика од Александар Кировски

Категорија:Македонски опери Категорија:Опери на Кирил Македонски Категорија:Опери од 1954 година