Мост на демократијата — мост на реката Вардар во Гостивар. Мостот е долг 42 метри и широк 20 метри. Тој е најнов мост на реката Вардар во Гостивар, кој започнал да се гради во 2016 и бил пуштен во употреба во 2017 година. Инфраструктурниот објект се состои од четири коловозни ленти, велосипедски патеки и тротоари. Со мостот сообраќајно се поврзува западниот дел на Гостивар со населбата Дутлок, селата Горна и Долна Бањица и населените места кои се на десната страна на реката Вардар.

Наводи

Категорија:Мостови во Македонија Категорија:Згради и градби во Гостивар Категорија:Македонската архитектура во 2017 година