Вознесение Христово — главна селска црква во селото Летевци.

Местоположба Црквата се наоѓа на сретселото.

Архитектура Градбата на црквата претставува крстокуполен храм со осумаголна купола и полукружна апсида на источната страна. Влезот на црквата се наоѓа на западната страна кон којашто е доградена мала отворена припрата со полукружен кров. На секоја од осумте страни од куполата има по една монофора. Храмот е изграден од камен и од тули, додека куполата е од тули. Објектот на хромот е покриен со кров од ќерамиди, а куполата е покриена со лимен кров.

Дворот на црквата е ограден со камена ограда и во него се сместени камбанаријата, трпезаријата и помошни објекти. Камбанаријата претставува приитивна метална конструкција со четириаголна основа во облик на потсечена пирамида којашто е покриена со пирамидален лимен кров.

Галерија

Поврзано Летевци Скопска епархија Северноскопско архијерејско намесништво

Наводи

Надворешни врски

Летевци