Кица Барџиева-Колбе (Башино Село, ) — македонска писателка, преведувачка од германски и сликарка која се преселила во Германија.

Животопис Колбе е родена во велешкото село Башино Село во 1951 година во семејство на Македонци, бегалци од Егејскиот дел на Македонија. Студирала филозофија на универзитетите во Скопје и Белград. Магистрирала на тема „Естетиката на Теодор Адорно“, докторската дисертација и била на тема на втемелувањето на естетиката како филозофска дисциплина во германската филозофија на XVIII век. Од 1976 до 1986 година, таа работела како асистент, а подоцна и како доцент на Катедрата за естетика на Филозофскиот факултет во Скопје. Таа била долгогодишен соработник во сите проекти на Естетската лабораторија, како и основач и уредник на филозофскиот магазин „Филозофија“. Кица Б. Колбе, од семејни причини, ја напуштила својата академска работа во Скопје во 1986 година, и се преселила во Германија, каде што живее со нејзиниот сопруг и возрасна ќерка во близина на Келн. Таа ги изложувала своите сликарски дела на изложби во Германија, Полска и Франција. Автор е на голем број написи од областа на филозофијата, естетиката, филмот и ликовната уметност и книжевност. Од германски на македонски јазик, таа ги превела делата на Адорно, Кле, Кант, Хегел, Шелинг, Шопенхауер, Степан и Хајдегер. „Снегот во Казабланка“ (ТРИ, Скопје, 2005, Магор, Скопје, 2007) е нејзин прв роман. Колбе ја третира темата на егзилот на Балканот и во случај на животописите на нејзиното семејство, предизвика посебен интерес во европските славистички, балканолошки и историографски кругови.Kica Kolbe Ägäier - Wespennest Zeitschrift "Снегот во Казабланка" (ТРИ, Скопје, 2005) бил нејзин прв роман.

Творештво 1990 - Егејци, Култура, Скопје 2005 - Снегот во Казабланка, Три, Скопје (прво издание), Магор, Скопје (второ издание) 2008 - Жените Гаврилови, Табернакул, Скопје 2009 - Река во наследство (Ein Fluss als Erbe), Скопје и Лангенфелд 2018 - Земја на бегалци, Или-или, Скопје Извор: Наводи

Категорија:Луѓе од Башино Село Категорија:Луѓе со потекло од Егејска Македонија Категорија:Македонски писатели Категорија:Македонски сликари Категорија:Македонски преведувачи Категорија:Југословенски писатели Категорија:Југословенски сликари Категорија:Југословенски преведувачи Категорија:Македонци од Германија Категорија:Апсолвенти на Белградскиот универзитет Категорија:Апсолвенти на Филозофскиот факултет - Скопје