Љубиница (на грчки: Βαλάνια, Валанија, до 1927 година Λούμπινστα, Лубиниста,http://pandektis.ekt.gr/dspace/handle/10442/171905 Λουμπενίτσα, Νουμπενίτσα) — поранешно село во Егејска Македонија, Република Грција. Се наоѓало во денешната општина Дескати, во областа Западна Македонија.

Географија Селото се наоѓало на географската граница на регионот Македонија со Тесалија, на околу 40 км југоисточно од градот Гребен, 3 км југоисточно од денешното село Сленица и 4 км јужно од селото Катакал. На југ граничи со тесалиските села Аспроклисија и Псилома.

Во селото преживеале црквите „Успение на Пресвета Богородица“ и „Свети Ѓорѓи“.Лубиница на порталот ТДМ

Историја Во Османлиското Царство Кон крајот на XIX век Љубиница е грчко христијанско село во југоисточниот крај на Гребенската Каза на Османлиското Царство. Откако во 1881 година Тесалија влегла во состав на Кралството Грција, Љубиница станува погранично село на неколку километри од грчката граница. Според грчка атинска статистика од 1910 година во Лубиница (Λουμπινίτσα) живееле 103 православни Грци.https://anemi.lib.uoc.gr/php/pdf_pager.php?filename=/var/www/tkl-portal-neo//metadata/f/7/e/attached-metadata-01-0001414/232477.pdf&lang=en&pageno=1&pagestart=1&width=354.24%20pts&height=520.08%20pts&maxpage=124

Во Грција Во Првата балканска војна во 1912 година во селото влегуваат грчки чети и по Втората балканска војна во 1913 година Љубиница станува дел од Кралството Грција. Во 1913 година на првото пребројување од новите власти во Лубинста (Λούμπινστα) се регистрирани 94 жители.

Во 1927 година името на селото е сменето во Валанија.

Според некои сведоштва селото се растура во 1940-тите години, за време на Втората светска војна и Граѓанската војна.Симовски, Тодор. Атлас на населените места во Егејска Македонија. Скопје, 1997, с. 49. Селото е избришано во 1961 година.http://enota.gr/Dimos_Hasion_Grevenon/go.asp?mnu=13

Наводи

Категорија:Историски села во Дескати