Опсадата на Сараево — опсада на главниот град на Босна и Херцеговина, и најдолго опседнатиот главен град во историјата на современата војна. Откако на почетокот бил под опсада од страна на силите на Југословенската народна армија, Сараево бил под опсада на Армијата на Република Српска од 5 април 1992 до 29 февруари 1996 (1.425 дена) за време на Босанската војна. Опсадата траела трипати подолго од Битката кај Сталинград и повеќе од една година подолго од Опсадата на ЛенинградSpencer Burke, Sarajevo Rose .

Кога Босна и Херцеговина прогласила независност од Југославија по референдумот за независност во Босна во 1992, босанските Срби чија стратешка цел била да се создаде нова босанска српска држава, Република Српска (РС), во која ќе бидат опфатени бошњачко-малцинските области, го опколиле Сараево со сила од 13.000 војници стационирани во околните ридови. Оттаму тие го напаѓале градот со артилерија и тенкови. Од 2 мај 1992 година, Србите го блокирале градот. Одбранбените сили на босанската влада (АРБиХ) во внатрешноста на опколениот град, 19 месеци од почетокот на конфликтот, броеле околу 70.000 војници, биле слабо опремени и не можеле да ја разбијат опсадата.

За време на опсадата загинале 13.952 лица, вклучувајќи 5.434 цивили. Армијата на Босна и Херцеговина претрпела 6.137 жртви, додека воените жртви на босанските Срби броеле 2.241 војници. Пописот од 1991 година покажува дека пред опсадата градот и неговите околни области имале население од 525.980 жители. Постојат проценки дека пред опсадата населението во градот било 435.000. Проценките за бројот на лица кои живееле во Сараево по опсадата се движеат меѓу 300.000 и 380.000.

По војната, Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија (МКТЈ) осудил четворица српски функционери за многубројни точки за злосторства против човештвото извршени за време на опсадата, вклучувајќи го и тероризмот. Станислав Галиќ и Драгомир Милошевиќ биле осудени на доживотен затвор и 29 години затвор. Нивните претпоставени, Радован Караџиќ и Ратко Младиќ, исто така биле осудени.

Заднина

Од своето основање по Втората светска војна, владата на Социјалистичка Федеративна Република Југославија внимателно го следела националистичкото расположение меѓу многуте етнички и религиозни групи што ја сочинувале земјата. Кога југословенскиот долгогодишен водач, Јосип Броз Тито починал во 1980 година, оваа политика доживеала драматичен пресврт.

Национализмот доживеал ренесанса во 1980-тите откако избувнувало насилство во Косово. Додека целта на српските националисти била централизацијата на Југославија со претежно српско население, другите националности во Југославија се стремеле кон федерализација и децентрализација на државата.

На 18 ноември 1990 година, во Босна и Херцеговина биле одржани првите повеќепартиски парламентарни избори (со втор круг на 25 ноември). Тие резултирале во национално собрание во кое доминација имале три партии засновани според етничката припадност, формирајќи лабава коалиција за соборување на комунистите од власт. Следните декларации за независност на Хрватска и Словенија и војната што следела, ја поставиле Босна и Херцеговина и нејзините три конститутивни народи во непријатна положба. Наскоро се појавила значајна поделба околу прашањето дали да се остане во југословенската федерација (претежно фаворизирана меѓу Србите) или да се бара независност (главно фаворизирана кај Бошњаците и Хрватите).

Српските членови на парламентот, главно членови на Српската демократска партија (СДП), го напуштила централниот парламент во Сараево и формирала Собрание на српскиот народ на Босна и Херцеговина на 24 октомври 1991 година, со што бил означен крајот на коалицијата која владеела по изборите во 1990 година. Ова Собрание ја основала Српска Република Босна и Херцеговина на 9 јануари 1992 година, која станала Република Српска во август 1992 година.

Во текот на 1990 година, Рамковниот план бил развиен од страна на Управата за државна безбедност (СДБ или СДС) и група на избрани српски офицери на Југословенската народна армија (ЈНА) со цел организирање на Србите надвор од Србија, консолидирање на контролата врз новоформираната република и предложување на оружје и муниција. Планот требало да го подготви основањето на трета Југославија во која сите Срби со нивните територии ќе живеат заедно во истата држава. Загрижена поради своето постоење и можна имплементација, Босанската влада прогласила независност на Босна и Херцеговина, набргу по формирањето на Српското национално собрание од страна на Босанските Срби.

Декларацијата за суверенитетот на Босна на 15 октомври 1991 година била проследена со Референдум за независност од Југославија на 29 февруари и 1 март 1992 година. Овој референдум бил бојкотиран од огромното српско мнозинство. Одѕивот на референдумот за независност бил 63,4%, а 99,7% од гласачите гласале за независност. Градот бил претежно мирен, освен убиството за време на една српска свадба во Сараево во која бил убиен таткото на младоженецот од страна на припадник на т.н. Зелени баретки. Гостите на свадбата ги вееле српските знамиња, а муслиманите ова го протолкувале како намерна провокација додека се одржува референдумот за независност. Босанскиот водач Момчило Крајишник го прогласил инцидентот за „голема неправда насочена кон српскиот народ“. За неколку часа вооружени Срби подигнале барикади во Сараево. На состанокот на Караџиќ и Изетбеговиќ било договорено да се смират тензиите.

Насилство се случило на многу места за време и по референдумот. Вооружените муслимани познати како Зелени беретки, исто така, подигнале барикади во и околу Сараево. Во близина на Бања Лука биле подигнати барикади и еден возач бил убиен од вооружени Срби во Добој. Дванаесет лица биле убиени пред почетокот на борбите на 2 март. На 3 март Изетбеговиќ тврдел дека Србите од Пале започнале марш кон Сараево. Во меѓувреме, судирите започнале истовремено во градот Босански Брод, а единаесет Срби биле убиени во селото Сиековац, надвор од Брод, на 26 март. СДС изјавила дека биле масакрирани од страна на хрватско-муслиманска милиција. Градот бил опколен и гранатиран од страна на ЈНА и Српските паравоени сили на 29 март. Покрај тоа, имало и судири во Бијељина, каде нападот бил извршен од страна на српските сили предводени од Српската доброволна гарда. На 4 април, кога информациите за убиствата во Бијељина излегле на виделина, босанската влада објавила општ повик за мобилизација. СДС одговорила дека вооружениот конфликт во Сараево довел до повикот за мобилизација.

Почеток на војната

Прогласувањето на независноста на Босна и Херцеговина од страна на владата, било проследено со формирање на српско национално собрание од страна на Босанските Срби. Декларацијата била проследена со референдум за независност на 1 март 1992 година. Референдумот минал претежно мирно, освен пукањето на православна свадба во стариот муслимански дел од Сараево наречен Башчаршија. Гостите ги вееле на српските знамиња, толкувани како намерна провокација од страна на муслиманите за време на референдумот, кои го поддржувале референдумот заедно со Босанските Хрвати. Никола Гардовиќ, таткото на младоженецот, бил убиен, додека еден православен свештеник бил ранет. Некои од сведоците го идентификувале стрелецот како Рамиз Делалиќ, малолетник и босански гангстер познат и како „Ќело“. Налози за апсење биле издадени против него и уште еден напаѓач, но полицијата од Сараево направила малку напор за да ги уапси. Убиството било обелоденето од страна на СДС, кој обвинил дека неуспехот да се уапси се должи владата која е соучесник во убиството. Портпаролот на СДС го тврдел тоа како доказ дека Србите се наоѓаат во смртоносна опасност и дека ќе биде уште повеќе во независна Босна. Оваа изјава била отфрлена од страна на основачот на Патриотската лига, Сефер Халиловиќ, кој изјавил дека тоа било голема провокација.

Следниот ден, српските паравоени сили поставувиле барикади и снајперски позиции во близина на зградата на Парламентот на Сараево, но загрозениот воен удар го спречиле илјадници граѓани на Сараево кои излегле на улиците пред снајперистите. По прогласувањето независност на Република Босна и Херцеговина на 3 март 1992 година, започнале борби меѓу Србите и владините сили ширум територијатаCannon, P., The Third Balkan War and Political Disunity: Creating A Cantonal Constitutional System for Bosnia-Herzegovina, Jrnl. Trans. L. & Pol., Vol. 5-2. Судирите продолжиле со подготовката за признавање на Босна и Херцеговина како независна држава.

На 4 април 1992 година, кога Изетбеговиќ им наредил на сите резервисти и полиција во Сараево да се мобилизираат, а СДС повикал на евакуација на градските Срби, дошло до „определен прекин на судирите помеѓу босанската влада и Србите“.

На 5 април полицајците од етничките Срби ги нападнале полициските станици, а потоа и училиштето за обука на Министерството за внатрешни работи. Во нападот загинале двајца офицери и еден цивил. Претседателството на Босна и Херцеговина прогласило вонредна состојба следниот ден. Подоцна истиот ден српските паравоени сили во Сараево ја повториле својата акција од претходниот месец. Мноштво мировници, меѓу 50.000 и 100.000 од сите етнички групи, се собрале во знак на протест. На 5 април, кога огромен број луѓе се приближиле до барикадата, еден демонстрант бил убиен од српските сили. Шест српски снајперисти биле уапсени, но биле разменети кога Србите се заканиле дека ќе го убијат командантот на босанската полициска академија уапсен претходниот ден со преземањето на академијата.

Босна и Херцеговина добила меѓународно признание на 6 април 1992 година. Најчестиот став е дека војната започнала тој ден, .

На 6 април српските сили започнале да го гранатираат Сараево, а во наредните два дена ја преминале Дрина од Србија и ги опседнале муслиманските населени места Зворник, Вишеград и Фоча. Цела Босна била зафатена во војна до средината на април. Во меѓувреме постоеле некои напори за да се запре насилството. На 27 април босанската влада наредила на ЈНА да биде ставена под цивилна контрола или протерана, што било проследено со низа конфликти во почетокот на мај меѓу двете страни. На 2 мај, Зелените баретки и локалните членови на банди се бореле против неорганизираниот српски напад со цел да го срушат Сараево на два дела. На 3 мај, Изетбеговиќ бил киднапиран на Сараевскиот аеродром од страна на офицерите на ЈНА. Муслиманските сили го нападнале заминувањето на конвојот на ЈНА. Договорот за прекин на огнот и договорот за евакуација на ЈНА бил потпишан на 18 мај, додека на 20 мај, Босанското претседателство ја прогласи ЈНА како окупационна сила.

ЈНА ја нападнала Академијата за обука во Враца, централната трамвајска депонија и старата градска област со минофрлачи, артилериски и тенковски оган, а исто така ја презеле контролата врз сараевскиот аеродром. Босанската влада очекувала меѓународниот заедница да распореди мировни сили по признавањето, но тоа не се случило навреме за да се спречи војната да се прошири низ целата земја.

Силите на босанските Срби и на ЈНА ги совладале слабо опремените и неподготвени владини безбедносни сили, преземајќи контрола над големите области на босанската територија, почнувајќи од нападите врз бошњачките цивили во источна Босна. Српските воени, полициски и паравоени сили напаѓале градови и села, а потоа, понекогаш помагани од локалните српски жители, вршеле систематско ограбување или опожарување на домовите, цивилите биле малтретирани или убивани, а мажите одвоени од жените. Многу од мажите биле насилно изнесени во затворски кампови. Жените биле затворени во центрите за притвор во исклучително нехигиенски услови и претрпеле бројни тешки злоупотреби. Многу од нив биле постојано силувани. Преживеаните сведочеле дека српските војници и полицијата ги посетувале центрите за притвор, ќе си изберерале една или повеќе жени и ќе ги силуваат.